| Macedonian
Блиц вести за 22.01.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 22.01.2026
Слушате Блиц вести на македонски јазик на ТРТ Балкан за четврток 22 Јануари.
22 јануари 2026

Трамп најави договор за Гренланд, двајца загинати во поплави во Грција, најави за крај на преговорите за решение на украинската војна. Слушате Блиц вести на македонски јазик на ТРТ Балкан за четврток 22 Јануари.

Трамп: Имаме договор за Гренланд, нема да воведам царини за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, е воспоставена рамка за договор што ги вклучува Гренланд и поширокиот арктички регион.

Трамп не даде детали, но рече дека дополнителните разговори се во тек. Jа отфрли можноста за употреба на воена сила за стекнување на Гренланд.

Тројца новинари меѓу 11 загинати Палестинци во најновите израелски напади во Газа

Тројца новинари се меѓу 11 загинати Палестинци во израелските напади во Газа, што е најновото кршење на договорот за прекин на огнот, информираше палестинското Министерство за здравство.

Во соопштението се вели дека повредени се и шест лица во нападите насочени кон повеќе области во Газа, без да се дадат детали за локацијата или идентитетот на жртвите.

Двајца загинати во силни поплави кои ја погодија Грција

Две лица загинаа во Грција, откако поројните дождови, силните ветрови и снегот го погодија поголемиот дел од земјата.

Педесет и шестгодишна жена загина во јужна Атина откако беше удрена од автомобил кој го однеле надојдените води, пренесе дневниот весник „Катимерини“.

Претходно, 53-годишен офицер од крајбрежната стража, исто така, загина откако беше однесен во морето од силен бран во источен Пелопонез.

Грција е погодена од интензивни дождови, грмотевици, ветрови и снежни врнежи од раните утрински часови вчера, додека се очекува екстремната временска ситуација да продолжи и деновиве.

Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска официјално ќе ја објави и потпише Повелбата на Комитетот за мир за време на церемонијата во Давос, Швајцарија.

Иницијативата, првично замислена како механизам за следење на прекинот на огнот во Газа и повоената обнова, оттогаш се прошири во пошироко меѓународно тело за посредување во конфликти, со десетици земји поканети да се приклучат.

Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, денеска изјави дека преговорите за решение на украинската војна се при крај.

„Сега сме на крајот и всушност сум оптимист. Мислам дека се сведовме на едно прашање и разговаравме за повторувања на тоа прашање, а тоа значи дека е решливо. Значи, ако двете страни сакаат да го решат ова, ние ќе го решиме“, рече Виткоф на маргините на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

 

 

 

 

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот