Николоски: Почнуваме борба против административната мафија
По големата трагедија во Кочани предизвикана од низа системски пропусти и корупција вицепремиерот Александар Николоски најави борба со како што ја нарече административната мафија која ќе се води со засилени контроли во самите институции и законски реформи.
Фудбалерите застанаа со игра во 59. минута во чест на жртвите од Кочани
Македонските и велшките фудбалери во 59. минута го сопреа натпреварот за да им оддадат почит на 59 загинати во трагичниот пожар во дискотека во Кочани и на речиси 200 повредени, од кои дел и натаму се на болничко лекување.
Европски суд за човекови права: Србија да одговори дали имало звучен топ
Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, по добиен поднесок од страна на државјани на Србија за наводна употреба на звучен топ како неконвенционално оружје на 15 март, побара од државата официјално да се изјасни до крајот на месецот.
Русија не ја предава нуклеарната централа Запорожје на Украина
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека централата Запорожје е „руски нуклеарен објект“ и дека префрлањето на објектот или контролата врз него на Украина или која било друга држава е „невозможно“. Централата е под руска контрола од март 2022 година.
И за крај на денешниот блиц...
Фидан е во прва посета на САД по изборот на новата администрација
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Вашингтон се сретна со неговиот американски колега Марко Рубио. Ова е прва посета на Фидан на САД во новиот претседателски мандат на Доналд Трамп и ќе се фокусира на зајакнување на односите, како и подготовка за идни билатерални посети на високо ниво.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
