| Macedonian
Дневни блиц вести 20.01.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 20.01.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 20 јануари
20 јануари 2026

Мицкоски во Давос очекува договори за нови инвестиции, а Ердоган го поздрави договорот од Дамаск

Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 20 јануари

Мицкоски во Давос очекува договори за нови инвестиции

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, со висока владина делегација ќе присуствува на 56. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос. Тој изјави дека земјата очекува да привлече голем број инвестиции, ќе учествува на три панел дискусии и ќе има повеќе средби и состаноци.

Целосно пребројување на гласовите од парламентарните избори на Косово

Централната избирачка комисија на Косово донесе одлука за целосно пребројување на гласовите од сите избирачки места за парламентарните избори кои се одржаа на крајот на декември што може да влијае на конечниот резултат. Во неколку општини како Призрен има разлики и до десетина илјади гласови во изврешаната контрола.

Унгарски МОЛ ја презема Нафтена индустрија на Србија од руски Газпром

Унгарската компанија МОЛ ќе ја преземе Нафтената индустрија на Србија која беше во сопственост на Газпром откако САД воведоа санкции поради учеството на мнозински руски капитал. Начелниот договор ќе биде испратен и на одобрување до Министерството за финансии на САД. 

Кина официјално поканета во Одборот за мир во Газа

Кина соопшти дека САД упатиле покана да се придружи на „Одборот за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа. Засега од министерството за надворешни работи на Кина нема информации дали поканата од САД е прифатена.

И за крај на денешниот блиц…

Ердоган: Сирија им припаѓа на Сиријците

Ердоган го поздрави најновиот договор меѓу сириската влада и терористичката група ЈПГ, велејќи: „Сирија им припаѓа на Сиријците“. Тој порача дека обединетоста и територијалниот интегритет на Сирија се клучни за регионалната стабилност и дека Туркије секогаш ќе дава поддршка.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот