| Macedonian
Блиц вести 11.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 11.02.2025
Трамп нема да им дозволи на Палестинците да се вратат додека трае расчистувањето на Газа, а Сем Алтман одби да ја продаде Опен АИ на Илон Маск
11 февруари 2025

Трамп откри нови детали од неговиот план за расчистување и развој на Газа во кој е предвидено Палестинците да се преместат во други земји и да немаат право да се вратат во своите домови. Јордан и Египет кои упатија протести се соочени со закана за намалена американска помош. Исто така Трамп се закани до Хамас да ги ослободи останатите заложници или ќе го прекине договорот за примирје иако Израел е обвинет дека го прекршува. 

Израелските сили продолжуваат со нападите на окупираниот Западен Брег, врз бегалскиот камп Акбат Џабр во Ерихон. Во меѓувреме, во Масафер Јата, булдожери урнаа пет палестински домови и пештера во која беа засолни 40 луѓе, прекинувајќи ја струјата и водата. Нападите се случија во време на поширока израелска офанзива од 21 јануари, во која загинаа над 30 Палестинци во регионот.

Венецуела организираше авионски превоз за илегалните мигранти од САД откако се договори со претседателот Трамп. Претседателот Мадуро се согласи да ги прими мигрантите од кои дел се осомничени дека се членови на криминални картели. Мадуро исто така најави нов почеток на односите меѓу САД и Венецуела.

Романскиот претседател Клаус Јоханис поднесе оставка за да избегне политичка криза по најавата за импичмент од десничарската опозиција. Тој предупреди дека се можни последици дома и во странство. Неговиот избор беше одбележан со обвинувања за руско мешање и се соочи со сериозни протести.  

И за крај на денешниот блиц...

Илон Маск му понуди речиси 100 милијарди долари на Сем Алтман за преземање на стартапот за вештачка интелигенција Опен АИ со цел да ја врати компанијата во непрофитен статус. Алтман веднаш ја одби понудата. Истражните органи поведоа постапка за утврдување на поврзаноста со Мајкрософт и можен е судски процес.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот