| Macedonian
Дневни блиц вести 17.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 17.02.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 17 февруари
17 февруари 2026

Продолжуваат преговорите со ЕУ за решение за балканските превозници, а Израел му постави ултиматум на Хамас

Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 17 февруари 

Во дијалог со ЕК до решение за барањата на превозниците

Македонското Министерство за транспорт е во координација со Европската Комисија и се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната. Ресорните министерства изминатиот период имаат интензивна комуникација за да се најде трајно решение. 

Црна Гора го усвои законот за неработна недела за работниците

Црногорскиот Парламент ги усвои измените на Законот за внатрешна трговија, со кои се гарантира неработна недела. Законот по предлог на партијата ПЕС стапува на сила на денот на објавувањето во Службен весник на Црна Гора. Сите 62 присутни пратеници гласаа за ова законско решение.

Русија ја разгледува можноста за администрирање на Украина

Идејата за странска администрација во Украина под покровителство на ОН по завршувањето на војната е една од можните опции за решавање на конфликтот, а Русија е подготвена да разговара за тоа со САД, Европа и други земји, порачаа руските власти. 

Трамп: Лесно би можел ја решам поделбата меѓу Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека „лесно“ би можел да ги премости тензиите меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, но засега нема планови директно да се вклучи. Двете земји имаат влошени односи поради поддршката за различни страни во конфликтот во Јемен.

И за крај на денешниот блиц…

Израел му дава на Хамас 60-дневен ултиматум за разоружување

Израел објави дека ќе ѝ даде на палестинската група Хамас 60-дневен ултиматум за разоружување, заканувајќи се дека ќе ја продолжи војната ако палестинската група не го исполни барањето. Наводно ултиматумот бил поддржан и од САД.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот