| Macedonian
Дневни блиц вести 21.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 21.11.2025
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 21 ноември
21 ноември 2025

Јавното обвинителство во Кочани поведе постапка за 11 инспектори на УЈП, а претседателката Османи распиша предвремени избори на Косово

Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 21 ноември

Нова истрага против инспектори на УЈП во Кочани 

Основното јавно обвинителство Кочани, во соработка со полицијата, поведе истражна постапка против 11 лица, вклучувајќи даночни и пазарни инспектори, за коруптивни кривични дела поврзани со работењето на дискотеката Пулс.

Суспендирана вицепремиерката Белинда Балуку за корупција

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал ја суспендираше потпретседателката на Владата на Албанија и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, од нејзините должности. Освен суспензија и одреди и забрана за напуштање на земјата.

Зеленски го доби нацрт-планот од САД за обнова на мировните преговори

Украинскиот претседател Зеленски го доби нацрт-планот од САД за обнова на мировните преговори меѓу Москва и Киев. Зеленски ги истакнал основните принципи што се важни за Киев и се согласил да работи на точките од планот.

„Маариф“ го одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата во Скопје

Училиштата на турската фондација „Маариф“ (ТМВ) на плоштадот „Македонија” во Скопје организираа го одбележаа Меѓународниот ден на толеранцијата. На настанот присуствуваа македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова и амбасадорот на Туркије Фатих Улусој, пратеници, наставници, ученици и други гости.

И за крај на денешниот блиц...

Предвремени парламентарни избори во Косово на 28 декември

Косовската претседателка Вјоса Османи го одреди 28 декември 2025 година како датум за предвремени парламентарни избори. Ниту еден од кандидатите за премиер предложени од „Самоопределување“ не го доби потребното мнозинство во Собранието.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот