| Macedonian
Дневен блиц вести за 26.05.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц вести за 26.05.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик.
26 мај 2025

Трамп ги засили криктиките кон Путин велејќи дека полудел.Во израекски воздушен напад во Газа загинаа најмалку 49 лица. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик. Денеска е понеделник 26 мај.

Трамп: Путин целосно полуде

Американскиот претседател Доналд Трамп ги засили критиките кон рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „луд“ и предупредувајќи дека секој негов обид за освојување на цела Украина „ќе доведе до пропаст на Русија“.

„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се има случено. Тој целосно полуде!“, напиша Трамп на својата платформa „Тruth Social“, откако им кажа на новинарите во Њу Џерси дека „не е среќен“ поради смртоносните ракетни напади на Русија врз украинските градови и дека размислува за нови санкции кон Москва.

49 загинати во израелски воздушен напад во Газа

Во израелски воздушен напад во зори врз училиште во населбата Aл-Дараџ во градот Газа се убиени најмалку 49 лица, а многу повеќе се повредени.

Цел на нападот бил училиштето „Фахми ал-Џарџави“, каде што се сместени лицата кои нашле засолниште од тековните израелски бомбардирања, соопштија телевизијата Ал-Акса и други локални извори, опишувајќи го нападот како „масакр“.

Туркије повика на прекин на израелските воени операции

Туркије повика на итен прекин на израелските воени операции во Газа и ја нагласи итната потреба од хуманитарен пристап. За време на состанокот на високо ниво на Мадридската група, турскиот заменик-министер за надворешни работи Нух Јилмаз вчера ја нагласи „потребата од прекин на израелската агресија во Газа и непречен проток на итна хуманитарна помош“, според соопштението на турското Министерство за надворешни работи објавено на социјалната мрежа X.

Американскиот претседател ја одложи примената на царини од 50 отсто за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се согласил да ја одложи до 9 јули примената на царини од 50 проценти за увоз од Европската Унија, додавајќи дека имал „многу пријатен телефонски разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што довело до тоа одложување, објавија денес американските медиуми.

Најновите царини требаше да следат откако Трамп веќе воведе реципрочни царини од 20 проценти кон Европската Унија во април, кои исто така беа одложени.

Коалицијата на Мадуро освои најмногу гласови на изборите во Венецуела

Владејачката коалиција предводена од претседателот Николас Мадуро, позната како „Голем патриотски пол“ (ГПП), се покажа како победник на општите и регионалните избори во Венецуела одржани во неделата.

Според прелиминарните резултати објавени од Националниот изборен совет (ЦНЕ), ГПП обезбеди 82,68% од гласовите.

Коалицијата освои мнозинство места во Националното собрание и освои гувернерски места во 23 од 24-те држави во земјата.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот