| Macedonian
Блиц вести за 25.12.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 25.12.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 25 декември.
25 декември 2025

Верниците кои го сметаат времето според грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, продолжува судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, нови израелски напади во ЛИбан и покрај договорот за прекин на огнот. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 25 декември.

Се прославува Божик според грегоријанскиот календар

Верниците на црквите што го сметаат времето според грегоријанскиот календар денес го слават еден од најголемите христијански празник, Божиќ, раѓањето на Исус Христос.

Папата Лав XIV, поглаварот на Римокатоличката црква, ја водеше својата прва божиќна миса. Службата се одржа во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан во Рим. Во својот говор на мисата, Папата Лав го критикуваше материјализмот, наведувајќи дека искривената економија ги третира луѓето како стока.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани

Во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој на 16 март годинава загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Воведни зборови ќе има одбраната на обвинетиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, Александар Нацев и трите правни лица.

За пожарот во „Пулс“ обвинети се 35 физички и три правни лица, меѓу кои се сопственикот на дискотеката, поранешни министри, градоначаници, инспектори.

Остра осуда од Брисел за визната забрана од САД за петмина ЕУ претставници

Европската унија вчера „остро ја осуди“ одлуката на САД да воведе визни ограничувања за пет истакнати ЕУ претставници , вклучувајќи го и поранешниот европски комесар Тиери Бретон, ветувајќи „брзи и решителни“ мерки за заштита на регулаторната автономија на Унијата.

Реакцијата следува откако Стејт департментот на САД синоќа објави дека воведува забрана за влез во земјата за петмина европски функционери обвинети за организирање напори за притисок врз американските технолошки компании да цензурираат или потиснуваат ставови на американски граѓани.

Средба на Хакан Фидан и делегација на Хамас во Анкара

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера во Анкара се сретна со делегација на Хамас предводена од Халил ал-Хаја, член на Политичкото биро на Хамас, објави турското МНР.

За време на состанокот, Фидан и делегацијата ги разгледале најновите случувања во Газа, соопштија извори од министерството.

Разговорите вклучуваа размена на мислења за втората фаза од мировниот план за Газа.

Двајца загинати во напад со дрон во Либан во ново израелско прекршување на примирјето

Две лица загинаа кога израелски дрон погоди минибус на истокот на Либан, што е ново кршење на договорот за прекин на огнот кој стапи на сила минатата година.

Државната новинска агенција соопшти дека дронот го погодил возилото на патот Хош ал-Сајед Али во округот Хермел.

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот во ноември 2024 година.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 12.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот