| Macedonian
Дневни блиц вести 10.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 10.03.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 10 март
10 март 2026

Трамп порача дека има план за поскапувањето на нафтата, а Путин и понуди на Европа повторно снабдување со енергија

Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 10 март

Трамп: Имам план за зголемувањето на цената на нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има план за справување со зголемувањето на цените на нафтата предизвикани од тековната војна со Иран, но не понуди детали, освен дека можно е САД да го преземе Ормутскиот Теснец преку кој се врши транспорт на енергенти. 

Ердоган: Нема изговор за нарушување на воздушниот простор на Туркије

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со иранскиот колега Масуд Пезешкијан  телефонски разговораше за неодамнешните регионални случувања, вклучително и пресретнувањето на ракети кои се упатуваа кон турскиот воздушен простор за што нема никакво оправдување.

Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија

Туркије соопшти дека системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распореден во источната област Малатија, како дел од напорите координирани со НАТО за заштита на воздушниот простор на земјата во услови на тековните регионални тензии.

Уставниот суд на Косово ја блокира одлуката за распуштање на Собранието

Уставниот суд на Косово, по предлог на премиерот Албин Курти, го суспендираше спроведувањето на декретот за распуштање на парламентот на земјата кој го издаде претседателката на државата Вјоса Османи за да ја разгледа неговата уставност, откако пратениците не избраа нов претседател во уставниот рок.

И за крај на денешниот блиц…

Путин: Може да ја снабдиме Европа со енергија ако покаже интерес

Русија е подготвена повторно да ја снабдува Европа со енергија доколку европските земји покажат интерес, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Москва во меѓувреме ги зголемува испораките на нафта и гас кон „доверливите партнери“.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот