| Macedonian
Дневни блиц вести 15.10.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 15.10.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 15 октомври
15 октомври 2025

Израел повторно го отвора преминот Рафах кон Египет по договорот за прекин на огнот, додека Трамп изрази разочараност од Путин за продолжувањето на војната во Украина. Земјоделството во Газа е пред колапс, Туркије ја поздрави резолуција на ТРСК  за решение со две држави

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 15 октомври

Израел денеска ќе го отвори граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет

По враќањето на телата на уште четворица заробеници Израелци од страна на Хамас во текот на ноќта, Израел соопшти дека денеска повторно ќе го отвори граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет, портата на Газа кон светот, во согласност со договорот за прекин на огнот. Израелската државна телевизија КАН објави дека израелската Влада одлучила да ги укине санкциите што денес требаше да се воведат за Хамас.

Трамп: Путин не сака да ја заврши војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник изјави дека сè уште е „разочаран“ што неговиот руски колега Владимир Путин не ја заврши војната во Украина. „Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно сè уште ги имаме. Не знам зошто тој ја продолжува оваа војна. Оваа војна беше многу лоша за него“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, за време на состанокот со аргентинскиот претседател Хавиер Милеј.

Земјоделството во Газа уништено по две години израелска војна

Појасот Газа, некогаш познат по своите плодни плантажи што се протегаа од северниот град Беит Лахија до јужен Рафах, сега доживува една од најголемите земјоделски катастрофи во својата историја. Ситуацијата е дополнително влошена од речиси целосното исчезнување на клучните ресурси како што се гориво, семиња, ѓубрива, системи за наводнување и материјали за заштита на растенијата.

Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара денеска првпат ќе ја посети Русија

Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара треба денес да ја посети Русија за серија официјални средби, ова ќе биде негова прва посета на Русија. Посетата се реализира по повеќе од еден месец откако рускиот вицепремиер Александар Новак го посети Дамаск на 9 септември, каде што разговараше со високи сириски претставници за одредени прашања, меѓу кои и енергетската соработка и хуманитарната помош.

И за крај на денешниот блиц...

Парламентот на ТРСК ја поддржа резолуцијата за решение со две држави, Туркије го поздрави потегот

Туркије го поздрави одобрувањето на резолуцијата за решение за кипарското прашање од страна на парламентот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во вторник. „Оваа одлука е моќна манифестација на решеноста на кипарските Турци да го заштитат својот суверенитет, идентитет и иднина“, напиша турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 17.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите