| Macedonian
Дневен блиц за 31.08.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 31.08.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 31 август.

Нови напади меѓу САД и Иран, Кремљ со став средба Путин-Трамп-Зеленски само за финализирање на договор за крај на војната во Украина. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 31 август.

Американските сили нападнаа два ирански лансери за ракети

Американските сили вчера нападнаа два ирански лансери за ракети на островот Ларак, што е прв напад на иранска територија од крајот на јули, изјави американски функционер за Аксиос.

Операцијата следеше по еден месец релативно затишје во директните воени ангажмани и насочени системи за кои се вели дека се подготвуваат да лансираат ракети што носат морски мини во Ормутскиот теснец, клучен пат за превоз на нафта.

Иран: Ги нападнавме американските сили во воздухопловната база во ОАЕ

Иранската армија рано утринава соопшти дека лансирала десетици беспилотни летала со експлозив кон американските војници и хеликоптери стационирани во воздухопловната база Ал-Минхад во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како одмазда за американскиот напад врз иранскиот остров Ларак.

Поранешен израелски премиер: Израел меѓу американските стуенти се поврзува со геноцид

Поранешниот израелски премиер: Нафтали Бенет изјави дека Израел меѓу американските стуенти се поврзува со геноцид

Ако прашате американски студент: „Израел - што е првото нешто што ви паѓа на ум?“, тие велат геноцид, изјави тој.

Бенет ја отфрли таа перцепција, велејќи: „Очигледно, тоа не е вистина и не е фер, но тоа е ситуацијата“.

Кремљ: Самит Путин-Трамп-Зеленски е можен само за финализирање на договорите за Украина

Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски може да се одржи само за да се финализираат договорите за решавање на украинскиот конфликт, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Песков состанок само за да се разговара за деталите за потенцијалното решение би бил „апсолутно бескорисен“

Трамп: Бизнисите се враќаат во САД од Канада за да избегнат царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека бизнисите се враќаат во САД од Канада за да избегнат царини, истовремено обновувајќи ги своите критики за трговските односи меѓу двете земји.

Трамп тврдеше на Truth Social дека САД губат „повеќе од 60 милијарди долари годишно“ со Канада.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 05.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите