Конгресот ја отфрли резолуцијата за ограничување на воената акција на Трамп во Иран. Американскиот претседател повика на промена на раководството во Техеран. Ескалираат судирите меѓу Хезболах и Израел. Првата група македонски државјани евакуирани од Израел пристигна во Скопје.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 6 март
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави ја отфрли резолуцијата со која би се ограничиле воените операции на американскиот претседател Доналд Трамп во Иран, еден ден откако американскиот Сенат ја блокираше истата иницијатива. Гласањето во Претставничкиот дом за резолуцијата за воени овластувања, која има за цел да спречи продолжување на нападите врз Иран без одобрение од Конгресот, заврши со 212 гласови „ЗА“ наспроти 219 „ПРОТИВ“, при што само двајца републиканци ја поддржаа резолуцијата заедно со мнозинството демократи.
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Во Скопје синоќа пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел преку Египет. Патниците на Скопскиот аеродром ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој нагласи дека процесот бил сложен и барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва. Нагласи дека се прават напори најдоцна до понеделник сите граѓани да бидат вратени со три до четири лета од овие дестинации.
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека сака да се отстрани раководната структура на Иран и тврдеше дека има на ум неколку кандидати кои би можеле да послужат како „добар лидер“ за земјата. „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, изјави Трамп за NBC News во телефонски разговор. „Не сакаме некој што би обновил во период од 10 години“, рече тој. Трамп рече дека има на ум неколку луѓе кои би можеле да го водат Иран, но одби да ги именува.
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Продолжуваат нападите меѓу либанското движење Хезболах и Израел, конфронтацијата сè повеќе се зголемува на територијата на Либан, а регионалните тензии растат поради тековната израелско-американска офанзива врз Иран и одмаздничките напади на Техеран. Хезболах соопшти дека третпат погодил возила на израелската армија во местото Маркаба, во Јужен Либан, со ракетен бараж, додека судирите меѓу двете страни продолжуваат по должината на пограничната област.
И за крај на денешниот блиц…
УЕФА: „Финалисима“ не мрда од Доха
Европската фудбалска федерација УЕФА останува на планираното градот Доха и покрај ситуацијата на Блискиот исток да биде домаќин на познатата „Финалисима“, пренесува АП, која треба да се игра на 27.март. Во Доха ќе треба да се одигра дуелот меѓу шампионот на Европа и Јужна Америка, а како организатори се УЕФА и КОНМЕБОЛ. Репрезентациите на Шпанија и на Аргентина треба натпреварот да го играат на стадионот Лусаил, каде се играше финалето на СП 2022 меѓу Аргентина и Франција.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
