| Macedonian
Блиц вести 19.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 19.02.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 19 февруари
20 февруари 2025

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изрази желба за посилна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, критикувајќи го исклучувањето на Киев од преговорите за ставање крај на војната на неговата земја со Русија. Тој по средбата со Ердоган во Анкара го критикуваше и исклучувањето на Украина од мировните преговори.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган понуди Туркије да биде домаќин на евентуалните претстојни состаноци меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави за ставање крај на тригодишната војна меѓу Москва и Киев. Тој нагласи дека мирот нема губитници и дека целиот свет сега чека крај на војната.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија и САД се договориле „еднаш засекогаш“ да ги решат прашањата во врска со нивните дипломатски мисии. Москва и Вашингтон одлучиле да назначат амбасадори што е можно поскоро.

Кина ги поддржува сите напори кои водат кон мировни преговори во Украина, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Тој додаде и дека Газа и Западниот Брег не се „монети за поткусурување во трговијата со компромиси“.

И за крај на денешниот блиц...

Македонската влада донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа во трговијата на големо и мало и ги утврди највисоките цени за одделни производи. Целта е да се заштити животниот стандард на населението, односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалоци и кај средстствата за лична хигиена.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот