| Macedonian
Блиц вести 29.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 29.10.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 29 октомври.
29 октомври 2025

Република Туркије одбележува 102 години од постоењето, 63 Палестинци се убиени во израелските напади на Газа, над 60 загинати во престрелки меѓу полицијата и нарко картелите во Рио де Женеиро. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 29 октомври.

Република Туркије одбележува 102 години од постоењето, Ердоган ветува заштита на единството и силата на нацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја одбележа 102-годишнината од основањето на Република Туркије, ветувајќи дека ќе го заштити единството, независноста и силата на нацијата.

„Работиме со сите наши сили за да ја одржиме Република Туркије вечна. Република Туркије е последниот покрив на нашата несебична нација која со сите свои сили се држеше за својата слобода и независност и покрај тешкотиите, лишувањата и борбата во најболните денови од својата историја. Последната алка во нашиот синџир на држави, истакна Ердоган во официјално соопштение објавено од Турското претседателство.

Убиени 63 Палестинци во израелските напади врз Газа, и покрај прекинот на огнот

Израелската армија според медицински лица уби 63 Палестинци, вклучувајќи 24 деца, во Појасот Газа од вчеравечер, кршејќи го договорот за прекин на огнот.

Медицински извори од болниците во Газа изјавија дека израелските напади погодиле домови, шатори во кои се сместени раселени цивили, возило, засолниште и болница во рамките на таканаречената „жолта линија“.

Десетици цивили беа повредени во нападите.

Трамп: Прекинот на огнот во Газа не е загрозен

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „ништо нема да го загрози“ договорот за прекин на огнот во Газа, и покрај новиот бран израелски напади.

Прекинот на огнот официјално стапи на сила на 10 октомври. Договорот предвидува ослободување на израелски заложници во замена за речиси 2.000 палестински затвореници, обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.

Над 60 загинати во престрелките меѓу полицијата и нарко картелите во Рио де Жанеиро

Најмалку 60 лица, меѓу кои и четворица полицајци, загинаа во масовната полициска акција против нарко картелите во Рио де Жанеиро, која властите ја нарекоа „најголема во историјата“ во Бразил.

Во операцијата биле вклучени околу 2.500 полицајци, со цел да се спречи територијалната експанзија на картелот „Командо Вермељо“. Според гувернерот Клаудио Кастро, безбедносните сили се соочиле со силен вооружен отпор, вклучително и истрели и фрлање гранати од дронови.

Холандија гласа на неизвесни парламентарни избори

Граѓаните на Холандија денеска гласаат за избор на 150 членови на Претставничкиот дом. Анкетите покажуваат дека ова ќе бидат неизвесни парламентарни избори.

Не се очекува ниту една партија да ги освои 76-те места потребни за самостојно формирање влада. Се очекува околу 13,5 милиони лица со право на глас да гласаат на општите избори.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетет не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 17.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите