Иран и Израел ги обновија нападите, а Курти повторно победи на косовските избори
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 8 јуни
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Израел повторно ги обнови нападите врз Иран, во најнова ескалација на тензиите додека траат мировните преговори. Во израелски воздушен напад кој беше насочен кон петрохемиски комплекс е предизвикана делумна материјална штета и нема повредени или загинати.
Фидан и Арагчи разговараа за ескалацијата на тензиите
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот ирански колега Абас Арагчи телефонски разговараа за регионалните тензии и ескалацијата која следеше по израелските напади, како и за најновите случувања во мировните разговори меѓу Иран и САД.
Трамп: Нетанјаху да ги прекине нападите врз Иран за да продолжат преговорите
Во обид да спречи понатамошна регионална ескалација, Трамп изјави дека „веднаш“ го повикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да му каже да не спроведува одмазнички напади врз Иран и да овозможи конечен мировен договор кој треба да биде готов во наредните денови.
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес треба да одржи состанок на Кабинетот за безбедност, по обновените воздушни напади врз Иран. Во меѓувреме, сирени се огласија во неколку градови во централен и јужен Израел по лансирањето ракети од страна на Техеран.
И за крај на денешниот блиц…
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Партијата „Самоопределување“ на актуелниот премиер Албин Курти обезбеди најголем број гласови на вонредните парламентарни избори во Косово, покажуваат првичните резултати. но сепак, сè уште е неизвесно дали овој резултат ќе го реши тековниот политички ќорсокак во земјата.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
