| Macedonian
Блиц вести 08.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 08.10.2025
Слушате блиц вести на македонски јазик за среда 8 октомври.

 Израелската морнарица ги нападна бродовите на меѓународната Флотила на слободата, Путин тврди дека Русија зазела 5.000 квадратни километри во Украина, Белгија планира да испрати дел од затворениците на Балканот. Слушате блиц вести на македонски јазик за среда 8 октомври.

Израелската морнарица ги нападна бродовите на „Флотила на слободата” во меѓународни води

Израелската морнарица ги нападна бродовите на коалицијата „Флотила на слободата“ во меѓународни води, приближно 120 наутички милји (222 километри) од Појасот Газа.

Според системот за следење на коалицијата, израелската војска ги нападна сите девет бродови на мисијата.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите и активистите се префрлени во израелско пристаниште и дека наскоро ќе бидат „депортирани“.

Организаторите на иницијативата нагласија дека „израелската војска нема законска надлежност над меѓународните води“ и дека „флотилата не претставува закана“.

Над 150 палестински ученици и образовен кадар убиени од Израел на Западниот Брег од 2023 година

Над 150 палестински ученици и училиштен персонал се убиени од оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег од октомври 2023 година, соопшти Министерството за образование.

Во соопштението се вели дека 147 ученици и пет лица од образовниот кадар ги загубиле животите во нападите на израелската армија, а 1.050 се повредени во истиот период.

Министерството соопшти дека израелските армиски сили, исто така, привеле 1.039 ученици и членови на персоналот во рации на окупираната територија во текот на изминатите две години.

Путин: Русија има контрола врз речиси 5.000 квадратни километри во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека неговата земја презела контрола врз речиси 5.000 квадратни километри во Украина оваа година, додека продолжува конфликтот што трае повеќе од три и пол години.

„Оваа година ослободивме речиси 5.000 квадратни километри, поточно 4.900, и 212 населени места. Нашите војници и офицери одиграа одлучувачка улога во тоа“, рече Путин на состанокот со високи воени претставници, вклучувајќи го и министерот за одбрана Андреј Белошов.

Медиуми: Белгија планира да испрати дел од затворениците во затворите на Балканот

Соочена со сериозна пренатрупаност на затворите, Белгија разгледува необично решение, изградба или изнајмување затвор во странство, објавија локалните медиуми.

Според медиумските написи Министерката за правда, Анелис Верлинден и министерката за миграција, Анелин Ван Босујт беа во посета на Албанија и Косово за да разговараат за изградба или изнајмување затворски објект.

Белгиските затвори се пренатрупани, со повеќе од 13.000 затвореници и само 11.000 места. Планот се базира на данскиот договор со Косово од 2021 година и претходен белгиско-холандски експеримент во затворот Тилбург.

Кина спаси 580 планинари од Монт Еверест

Кинеските власти спасија 580 планинари од источните падини на Монт Еверест, објавија денес државните медиуми.

Планинарите и повеќе од 300 лица, меѓу кои локални водичи и одгледувачи на јак, безбедно пристигнаа во населеното место Куденг и околните подрачја, соопшти новинската агенција Синхуа, повикувајќи се на локални владини претставници.

Во неделата, локалните медиуми објавија дека најмалку еден планинар загинал, а речиси 1.000 биле блокирани по ненадејната снежна бура.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите