Трамп ги одбележа првите сто дена од вториот мандат, САД ќе се откажат од посредување за мирно решение ако нема конкретни предлози за Украина, Кина ќе ги укине санкциите за членовите на ЕП. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за 30 Април.
Трамп ги одбележа првите 100 дена од неговиот втор мандат
Американскиот претседател Доналд Трамп ги одбележа своите први 100 дена на функцијата вчера во Мичиген со митинг организиран во стилот на неговата кампања.
Обраќајќи се пред поддржувачите, Трамп рече дека тоа се „најуспешните 100 дена од која било администрација во историјата на САД“.
Ја пофали неговата строга имиграциска политика, ја пофали работата на неговата администрација во врска со социјалните прашања, вклучително и признавањето само на два пола и исклучувањето на трансродовите спортисти од учество во женските спортови.
Тој вети дека ќе ги спроведе „најголемите намалувања на даноците во американската историја во наредните месеци. Трамп им рече на собраните поддржувачи во Детроит дека од почетокот на неговиот втор мандат имало „револуција на здравиот разум.
Рубио: Ако нема конкретни предлози за Украина САД ќе се повлечат од посредување
Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека САД ќе ги прекинат своите медијациски напори доколку Русија и Украина не дадат „конкретни предлози“ за прекин на војната, изјави неговата портпаролка Теми Брус.
Таа рече дека на крајот одлуката дали ќе ги продолжи дипломатските преговори ќе зависи од претседателот Доналд Трамп.
Гутереш повика на решение за две држави
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги поттикна земјите да „преземат неповратни дејствија кон спроведување на решение за две држави“ меѓу Израел и Палестинците пред меѓународната конференција во јуни.
Франција и Саудиска Арабија ќе бидат кодомаќини на конференцијата во Обединетите нации во јуни.
БРИКС обединето се спротивставува на тарифната политика на Трамп
Министрите за надворешни работи на БРИКС, вклучително и оние од Кина и Русија, го критикуваа растечкиот „трговски протекционизам“ за време на разговорите во Рио де Жанеиро, како директен одговор на тарифите на американскиот претседател Дондалд Трамп.
Шефот на бразилската дипломатија, Мауро Виеира, го истакна „силното отфрлање“ на таквата политика од страна на групата, без да го именува Трамп.
Политико: Кина ќе ги укине санкциите за членовите на ЕП
Кина ќе ги укине санкциите за петмина сегашни и поранешни членови на Европскиот парламент кои ја критикуваа состојбата со човековите права во оваа држава , со цел да се олеснат трговските преговори меѓу двете светски сили, објави висок функционер на Парламентот.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мекола, денес, на затворен состанок, ќе ги информира лидерите на политичките групи за овој развој на ситуацијата, изјави анонимен извор за бриселскиот „Политико”.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
