| Macedonian
Дневен блиц вести за 01.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц вести за 01.04.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски
1 април 2025

Трамп сака Путин да постигне договор за крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака неговиот руски колега Владимир Путин да склучи договор за ставање крај на руско-украинската војна.

Тој нагласи дека не сака да воведе секундарни царини на руската нафта, но додаде дека тоа би го направил доколку смета дека Путин „не ја завршува работата“.

Трамп, исто така, изјави дека неговиот украински колега Владимир Зеленски се обидува повторно да преговара за ретките минерали

Заедничка гранична кокнтрола на Блаце – Елези Хан

Од 14 април ќе започне со работа заедничката гранична контрола на граничниот премин Блаце - Елез Хан на македонско – косовската граница.

Македонското министерство за внатрешни работи информира дека од 14 април официјално започнува со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Се истакнува дека чекорот претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу двете земји.

Министерството нагласи дека заедничката гранична контрола има цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Законски измени за забана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42. собраниска седница. 

Законското решение се предлага од неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по тргедијата во Кочани во која на 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица а беа повредени повеќе од 190.

Конкретно, со предложениот закон се утврдува дека не е дозволена употреба на пиротехнички средства определени со закон во објекти и простории од затворен тип, а се предвидуваат и прекршочни глоби за физички и правни лица кои постапуваат спротивно на забраната.

Тројца загинати и седум повредени во израелски напад во Либан

Три лица загинаа, а седум се повредени во израелскиот воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут утринава, во последното израелско прекршување на договорот за прекин на огнот, соопшти либанското Министерство за здравство.

Либанската државна новинска агенција ННА претходно соопшти дека нападот е дел од најновата серија на прекршување на договорот за прекин на огнот.

Во соопштението на израелската армија се тврди дека цел бил припадник на Хезболах што претставувал „непосредна закана за израелските цивили“.

Велика Британија посветена на просперитетот на Западен Балкан

Велика Британија ја обновува својата посветеност на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, беше соопштено во вторникот по средбата меѓу црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Карен Пирс.

Милатовиќ истакна дека Велика Британија е важен партнер на Црна Гора, со која континуирано гради силни билатерални односи.

Специјалниот пратеник Карен Пирс рече дека Велика Британија ја обновува својата посветеност на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и со нетрпение очекува да ја продлабочи соработката со Црна Гора во областите од заемен интерес.

 Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите