| Macedonian
Блиц вести 04.07.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 04.07.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик за петок, 4 јули
4 јули 2025

Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелски напади во Газа, Трамп и Путин не постигнаа напредок за прекин на огнот во Украина, златниот орел наместо јастребот ќе биде национален симбол на Сирија. Слушате Блиц Вести на ТРТ Балкан на македонски јазик. Денеска е петок 4 јули.

Најмалку 15 загинати Палестинци во израелски напади во Газа

Најмалку 15 Палестинци се убиени утринава кога израелските воени авиони нападнаа шатори во кои се засолнети раселените семејства во областа Ал-Мавааси западно од Кан Јунис во јужниот дел на Газа, според локалните извори.

Повеќето жртви биле членови на исто семејство чие засолниште било директно погодено во близина на Кулите Тајба, изјавија очевидци. Во нападот има и неколкумина повредени.

Трамп и Путин не постигнаа напредок за мир во Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател, Владимир Путин вчера не е постигнат никаков напредок кон прекин на огнот во Украина.

„Имавме разговор. Беше доста долг. Разговаравме за многу теми, вклучувајќи го и Иран, а исто така, како што знаете, и војната во Украина. Денес не постигнавме никаков напредок“, изјави Трамп.

Претседателот Владимир Путин, пак, ја потврдил подготвеноста на Москва да ги продолжи мировните преговори со Украина за време на телефонскиот разговор со Трамп.

САД го повика на консултации амбасадорот во Колумбија

САД вчера го повикаа својот највисок дипломат од Колумбија на итни консултации поради зголемените тензии со Богота.

„Државниот секретар Марко Рубио го повика Џон Т. Мекнамара, вршителот на должноста амбасадор на американската амбасада во Колумбија, во Вашингтон на итни консултации по неоснованите и неприфатливи изјави од највисоките нивоа на колумбиската влада“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус без дополнително објаснување.

Како одговор, колумбискиот претседател Густаво Петро објави повлекување на амбасадорот на земјата од САД.

Претставен новиот симбол на Сирија

Сириското Претседателство го претстави новиот национален симбол на земјата синоќа на церемонијата во претседателската палата во Дамаск, придружена со национално одбележување на плоштадите во поголемите градови.

Златниот орел го заменува претходниот симбол на јастреб и е на врвот од три ѕвезди што го претставуваат ослободувањето на народот, како што е опишано од Министерството за информации.

Претседателот Ахмед Aлшара за новиот симбол рече дека е одраз на „обединета, неделива Сирија“, јави државната Сириска новинска агенција (САНА).

Започнува заедничкиот систем на контрола на Табановце

На граничниот премин Табановце, кон Србија, денеска стартува системот „One stop shop“ за заедничка контрола.

Од македонската Влада напоменуваат дека со ова ќе се намали метежот на границата, кој во летниот период е оптоварен поради летните одмори и патувањата од нашиот северен сосед кон Грција.

Ваквиот систем веќе функционира со Косово, на граничните премини „Блаце“ и „Јажинце“.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 12.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот