| Macedonian
Блиц вести 26.06.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 26.06.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за чеврток 26 јуни.

Најмалку 19 убиени и десетици рнети Палестинци во новите израелски напади во Газа, американски конгресмени поднесоа Закон за почитување на Дејтонскиот договор, за албанскиот премиер Еди Рама срамен е планот на Велика Британија за испраќање во трети земји на одбиени баратели на азил. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за чеврток 26 јуни.

Најмалку 19 убиени и десетици ранети цивили во израелски воздушни напади во Газа

Најмалку 19 цивили беа убиени, а десетици беа ранети во израелските воздушни напади во Газа утрово.

Новинската агенција Вафа објави дека израелската армија таргетирала куќа во западниот дел на градот Газа, при што загинале најмалку шест лица, а ранети се 20 други.

Уште петмина Палестинци беа убиени во израелски напад со беспилотно летало врз училиште претворено во засолниште во населбата Шеик Радван во северниот дел на градот Газа. Телата и повредените Палестинци беа однесени во болницата Ал-Шифа.

Палестинската Црвена Полумесечина потврди дека три лица се убиени, а неколку други се повредени во израелскиот воздушен напад во близина на коридорот Нецарим во централна Газа.

Израелските сили, исто така, нападнаа шатор во кој се сместени раселени Палестинци во областа Ал-Маваси во Кан Јунис, на југот од енклавата, при што загинаа пет лица, а неколку други беа ранети, соопшти Палестинскаат Црвена Полумесечина.

Камиони со хуманитарна помош на ОН влегоа во Газа преку израелски граничен премин

Камиони со хуманитарна помош на Обединетите нации влегоа во Појасот Газа преку израелскиот граничен премин Зиким

Според извештаите, камионите пристигнале во складиштата во северниот дел на Газа, носејќи прехранбени производи за ублажување на сè поголемата хуманитарна криза во енклавата.

Американски конгресмени претставија Закон за санкции за непочитување на Дејтонскиот договор

Група американски конгресмени, поднесоа закон за почитување на Дејтонскиот мировен договор, кој предвидува санкции против странски лица и организации кои го поткопуваат мирот, стабилноста и демократскиот поредок во Босна и Херцеговина.

Законот, доколку биде усвоен, ќе му овозможи на американскиот претседател директно да санкционира поединци и институции кои дејствуваат против мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги и оние вклучени во корупција, сецесионистички активности или кршење на Дејтонскиот мировен договор.

За Еди Рама британскиот план за азил е срамен и неприфатлив

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече планот на Велика Британија за испраќање на одбиени баратели на азил во центри за враќање во трети земји срамен, неприфатлив и смешен, нагласувајќи дека таквата политика била незамислива само пред десет години.

Во интервју за странски медиуми, Рама остро го осуди предлогот на британскиот премиер Кир Стармер, презентиран за време на неговата неодамнешна посета на Албанија. Планот предвидува испраќање мигранти, чии барања за азил се одбиени и кои ги исцрпиле сите законски опции во Велика Британија, во трети земји за понатамошна обработка.

Потпишан договор за Специјален трибунал за злосторства и агресија против Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе вчера потпишаа договор за формирање на специјален трибунал за гонење на злосторствата на агресија извршени против Украина.

Трибуналот, кој ќе биде формиран во рамките на Советот на Европа, ќе истражува и ќе ги гони лицата обвинети за „злосторства на агресија против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, особено во врска со тековната војна меѓу Русија и Украина.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите