| Macedonian
Дневен блиц вести за 04.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц вести за 04.04.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 04 април
4 април 2025

Најмалку 34 убиени Палестинци во израелски воздушни напади

Најмалку 34 Палестинци се убиени вчера во израелските воздушни напади врз две училишта во кои беа засолнети раселените цивили во градот Газа, објавија властите.

Канцеларијата за медиуми во Газа соопшти дека се убиени 31 Палестинец, од кои 18 деца и една жена, а повеќе од 100 се повредени во нападот врз училиштето „Дар ал-Аркам“, каде што стотици цивили се засолнија во населбата Туфах.

Во соопштението се наведува дека шест жртви се водат за исчезнати, а десетици се повредени.

Орбан: Нетанјаху беше илјада отсто сигурен во Унгарија

Немаме обичај да апсиме гости, ниту сакавме да го направиме тоа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за тоа зошто Унгарија не го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по налог издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) уште во ноември минатата година под обвинение за воени злосторства во Појасот Газа.

Според Орбан Унгарија го смета Израел за пријател.

Орбан изјави и дека Унгарија нема да може да ја исполни наредбата на МКС бидејќи, како што тврди, не го вклучила Римскиот статут во својот правен систем.

Уставниот суд на Јужна Кореја го отстрани од функцијата отповиканиот претседател ЈУн Сок Јол

Уставниот суд на Јужна Кореја денес едногласно одлучи да го отстрани од функцијата отповиканиот претседател Јун Сок Јол поради неговиот обид да воведе воена состојба на 3 декември.

Во пресудата осумте судии на Уставниот суд наведоа дека прогласувањето воена состојба од страна на Јун „не ги исполнува законските услови за (прогласување) национална криза“.

Јун беше отповикан од Парламентот на 14 декември откако на 3 декември прогласи воена состојба, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.

Трамп ја оправдува мерката со реципрочните тарифи

Американскиот претседател Доналд Трамп го оправдува потегот со воведувањето на реципрочните тарифи и покрај предупредувањата за погубните ефекти.

„Пациентот беше многу болен. Економијата имаше многу проблеми. Тоа беше болен пациент. Мина низ операција. Ќе има подем на економијата. Ќе биде неверојатно. Доаѓаат трилиони“, изјави Трамп.

Реципрочните царини кои се движеа од 10% до 50% беа наметнати на производите што САД ги увезува од многу свои трговски партнери.

Американските пазари останаа затворени вчера со најголеми загуби од 2020 година, кога пандемијата со Ковид-19 ја запре глобалната економија.

Цените на акциите на технолошките компании нагло паднаа.

Австрија и Германија ќе воведат забрана за влез на Миорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ќе добие забрана за влез во Австрија и Германија, пишуваат австриските медиуми “Куриер” и “Ди Прессе”. Оваа одлука како што е наведено во медумите ја соопштила австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер, при посетата на Сараево.

Како што пишува Куриер, според министерката забраната се однесува и на претседателот на Народното Собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и претседдателот на Владата на РС Радован Вишковиќ.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот