| Macedonian
Блиц вести за 02.05.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Блиц вести за 02.05.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за 2 мај.
2 мај 2025

Палестинците умираат од болести без пристап до лекови, Израел не пушта хуманитарни делегации на Западниот Брег— а Кина испраќа сигнал за смирување на трговските тензии со САД. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, за 2 мај

Луѓе умираат во Газа од болести што можат да се спречат, а лековите чекаат на граница истакнува СЗО 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека Палестинците умираат од болести што можат да се спречат, а лековите чекаат во камиони со помош на границите на Газа, која е под израелска блокада и цел на брутални напади.

Израел блокираше француска делегација да влезе на Западниот Брег

Во писмено соопштение од палестинската општина Витлеем, се наведува дека Израел спречил делегација составена од приближно 50 претставници на француските локални самоуправи да влезе на Западниот Брег, како дел од иницијативата „Година на Палестина 2025“ организирана од Организацијата на обединети градови на Франција и Децентрализирана мрежа за соработка за Палестина.

Кина со отворени врати ако САД сакаат да преговараат за царини

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги наметна претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти во петокот кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.


Туркије е подготвена да продолжи да ја поддржува Сирија во рамките на меѓусебните договори

Истакнувајќи дека Сирија може да избере да склучи договор со која било земја доколку смета дека има проблем со својата безбедност, изворите рекоа дека Анкара, во согласност со сопствените проценки за безбедноста и заканите во регионот, е отворена за решавање на секое прашање што би ѝ помогнало на билатералната соработка со Дамаск.

Во Вашингтон се одржаа протести против Трамп на Денот на трудот

Членови на повеќе од 20 невладини организации вчера на Плоштадот на слободата во Вашингтон протестираа против американскиот претседател Доналд Трамп. Протестот се одржа на 1 мај по повод Меѓународниот ден на трудот, кога низ цел свет се организираат собири за работнички права и социјална правда.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com



Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите