| Macedonian
Дневни блиц вести 24.11.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 24.11.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 24 ноември
24 ноември 2025

Во Европа, трошоците на домаќинствата пораснаа речиси четирикратно во однос на 2023 година, Во САД нова анкета покажува силно противење за воена акција во Венецуела. Ердоган порача дека Г20 самитот заврши со фокус на Газа и глобалната солидарност. Разговорите меѓу САД и Украина во Женева донесоа јасна рамка за можен мир. ОН објавија дека Џакарта е најнаселениот главен град во светот со повеќе од 40 милиони жители.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 24 ноември

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани четири пати поголем отколку во 2023

Трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата во ЕУ минатата година се зголемиле за 1,5 отсто на годишно ниво, што претставува речиси четирипати поголем раст во однос на 2023-та, кога стапката на ова зголемување беше 0,4 проценти.  Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, најголем раст на трошоците лани европските домаќинства имале за „информации и комуникации“ и тоа за 5,7 отсто, по што следуваат издатоците за „рекреација, спорт и култура“ и за „транспорт“ со по три проценти. 

Анкета: Американците се против војна со Венецуела

Анкетата спроведена во САД покажа дека мнозинството Американци се против потенцијална воена акција во Венецуела. Седумдесет отсто од анкетираните рекле дека се против воена интервенција на САД во Венецуела, а 30% ја поддржале. Само 13% од испитаниците рекле дека Венецуела претставува „сериозна“ закана за безбедноста на САД, 48% рекле дека таа земја претставува „мала закана“, а 39% рекле дека „воопшто не претставува закана“.

Ердоган: Туркије го заврши самитот на Г20 со фокус на Газа и глобалната солидарност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес истакна дека Турција го завршила самитот на лидерите на Г20 кој овој викенд се одржа во Јоханесбург, Јужноафриканската Република, под главната тема „Солидарност, еднаквост, одржливост“. Ердоган рече дека мило му е што самитот на Г20 се одржа во Африка за прв пат, истакнувајќи дека во своите обраќања на настанот ја истакнал глобалната одговорност за ублажување на уништувањето во Газа, повикал на зголемена хуманитарна помош и побарал поддршка за активностите за обнова.

САД и Украина велат дека разговорите во Женева донесоа „ажурирана и рафинирана“ мировна рамка

Дискусиите покажаа значаен напредок кон усогласување на позициите и идентификување на јасни следни чекори. „Тие потврдија дека секој иден договор мора целосно да го почитува суверенитетот на Украина и да обезбеди одржлив и праведен мир“, се вели во соопштението објавено по разговорите, каде што делегациите се состанаа за да разговараат за најновиот мировен предлог на Вашингтон, насочен кон прекинување на војната меѓу Русија и Украина.

И за крај на денешниот блиц…

ОН: Со над 40 милиони жители Џакарта е најнаселениот главен град

Индонезискиот главен град Џакарта е најнаселен главен град во светот со 42 милиони жители, покажува новиот извештај на Обединетите нации (ОН). Светот брзо се урбанизира, а во градовите моментално живее 45% од глобалното население од 8,2 милијарди, се вели во извештајот на Одделот за економски и социјални работи на ОН за перспективите за светска урбанизација во 2025 година.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот