| Macedonian
Дневен блиц за 23.04.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 23.04.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 23 Април

Израелски екстремисти преминаа во Јужен Либан и повикаа на создавање израелски населби, Зеленски бара разговорите за Украина да не чекаат на крај на војната во Иран. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 23 Април.

Израелски екстремисти преминаа во јужен Либан, повикаа на создавање израелски населби

Израелските екстремисти влегоа во јужен Либан синоќа и повикаа на подигнување израелски населби во арапската земја, што е редок прекуграничен потег по сличен инцидент во Сирија неколку часа претходно.

Снимките што ги објави група што се залага за израелско населување во Либан покажуваат крајно десничарски израелски окупатори во областите на југот на земјата

Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната во Иран го одвлекла вниманието од руската агресија против неговата земја, предупредувајќи дека е „голем ризик“ да се верува дека напорите за завршување на војната во Украина не можат да продолжат сè додека не заврши конфликтот во Иран.

Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД

Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД, кој ќе се одржи во декември.

Заменик-министерот за надворешни работи, Александар Панкин рече дека сè уште не е прецизирано кој ќе ја претставува Русија на овој собир, напоменувајќи дека одлуката се очекува да биде донесена пред самиот настан.

Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка

Од синоќа, Словачка почна да прима сирова нафта преку нафтоводот Дружба, соопшти денеска Министерството за економија на таа земја.

Со активирањето на нафтоводот Дружба, заврши прекинот на транспортот на руска нафта до Словачка, кој траеше од крајот на јануари.

Олигархот Плахтоњук осуден на 19 години за кражбата на столетието во Молдавија

Олигархот Владимир Плахотњук беше осуден на 19 години затвор денеска за кражба од големи размери од банкарскиот систем на Молдавија.

Пресудата е за случајот поврзан со исчезнувањето на 1 милијарда долари од банкарскиот сектор на земјата во 2015 година, еден од најголемите финансиски скандали во историјата на Молдавија.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц 04.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите