| Macedonian
Дневни блиц вести 19.08.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 19.08.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 18 август

Турските поморски технологии ќе бидат промовирани на Технофест „Сина Месечина“, а Иран ги предупреди земјите од Заливот да не и помагаат на војската на САД

Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 19 август

Туркије ќе ги промовира поморските технологии на „Сина Месечина“

На четиридневниот фестивал „Сина Месечина“ како дел од Технофест, ќе бидат претставени растечките капацитети на Туркије во поморските и подводните технологии на. Ќе може да разгледаат дел од водечките бродови на турската морнарица, а специјалните единици на Турските поморски сили ќе одржат показни вежби. 

Федоров побара претседателски избори во Украина

Поранешниот министер за одбрана на Украина Михајло Федоров побара да се одржат претседателски избори, кои поради војната со Русија се одложуваат од 2024 година. Тој истакна дека земјата ќе најде начин да ги одржи изборите и дека токму затоа се бори да ја сочува демократијата. Федоров беше разрешен на почеток на летото што предизвика национални протести. 

Туркије се спротивстави на тврдењата на Нетанјаху за дејствувањето во Сирија

Дирекцијата за комуникации на Туркије се спротивстави на тврдењата на Кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху дека Сирија планира да го прекрши договорот за статус кво во безбедносните прашања со распоредување турски сили во базата во Алепо, и дека на тој начин сака да ги оправда нелегалните воени операции на Израел. 

Трамп ги паузира царините од 50 отсто за Канада на три дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја паузирал одлуката за планираните царини од 50% за канадските стоки пред крајниот рок на полноќ. Во меѓувреме се засилуваат преговорите за трговските односи и обнова на енергетски проекти. 

И за крај на денешниот блиц…

Иран: Земјите од Заливот да не и помагаат на војската на САД

Началникот на Генералштабот на Иран, генерал-мајор Али Абдолахи, ги предупреди земјите од Персискиот Залив да не ѝ даваат помош на американската војска. Тој посочи дека ги следат сите случувања и изјавите на земјите кои тврдат дека не и помагаат на САД, а всушност на нивна територија се распоредени воени авиони и средства.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 22.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите