| Macedonian
Дневни блиц вести 17.09.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 17.09.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 17 септември

Трамп ѝ се заканува на ЕУ поради плановите Канада да стане нејзин придружен член. Туркије со остра осуда за дронскиот напад врз Мека извршен од Хутите

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 17 септември

Трамп ѝ се заканува на ЕУ поради плановите Канада да стане нејзин придружен член

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ се закани на Европската Унија со дополнителни тарифи доколку блокот дозволи Канада да стане придружен член. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда изјави дека Канада треба да стане првата придружена членка на ЕУ, иако таков статус моментално не постои. Трамп рече дека таквата идеја може да се смета за непријателски чин и се закани дека ќе воведе тарифи на ЕУ како одговор.

Туркије со остра осуда за дронскиот напад врз Мека извршен од Хутите

Турското Министерство за надворешни работи, остро го осуди нападот со беспилотно летало изведен од јеменските Хути врз светиот град Мека во Саудиска Арабија, притоа повторно ја потврди својата поддршка за безбедноста на Кралството. Јемен е во војна од 2014 година, кога Хутите ја зазедоа Сана, по што интервенираше коалицијата предводена од Саудиска Арабија во 2015 година со цел поддршка на меѓународно признатата јеменска влада.

САД вторпат не му дадоа виза на палестинскиот претседател за учество на Генералното собрание на ОН

Соединетите Држави не му одобриле влезна виза на палестинскиот претседател Махмуд Абас за присуство на Генералното собрание на ОН во Њујорк следната недела, изјави извор запознат со случајот. Во извештаите од средата се наведува дека САД повторно го одбиле барањето за виза на Абас за овогодишното Генерално собрание на ОН, како и барањата на други претставници на ПУ.

Шведската централно-левичарска опозиција победи на изборите

Шведската централно-левичарска опозиција го победи владејачкиот десничарски блок со најтесна можна разлика, објави јавниот радиодифузен сервис СВТ во среда, откако беа преброени 99 проценти од гласовите на парламентарните избори во недела. Агенцијата сега ги брои доцните гласачки ливчиња од земјата и од странство и соопшти дека процесот би можел да потрае до денес, кога ќе бидат обработени сите гласови.

И за крај на денешниот блиц…

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација во работната посета на САД, вчера во Вашингтон остварил средби со конгресменката Клаудиа Тени и со конгресменот Кит Селф. Мицкоски во објавата додава дека посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка. Мицкоски, во рамки на посетата на САД, ќе учествува и на годинашното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 18.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите