| Macedonian
Блиц вести 21.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 21.02.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 21 февруари
21 февруари 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека палестинската група Хамас ги прекршила условите од договорот за размена на затвореници со предавање на тело на неидентификувана жена од Газа наместо телото на заложничката Шири Бибас. Toj вети дека Хамас ќе ја плати цената за прекршување на договорот.

Кина го поддржа обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор со Русија за ставање крај на војната во Украина, на состанокот на Г-20 во Јужна Африка, додека сојузниците на САД застанаа зад украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Хавиер Милеи претседателот на Аргентина му подари моторна пила на милијардерот Илон Маск на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон. Тој често користеше моторна пила како симбол на ветувањето дека ќе ги намали бирократијата, регулативата и непродуктивните трошења во Аргентина.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп да започне преговори со Русија. Според Венс иако некои се зачудени зошто се преговара со Москва, смета дека без Русија не може да се прекине конфликтот и дека време е за мир. 

И за крај на денешниот блиц...

На Сирија со сегашните стапки на раст ќе и бидат потребни над 50 години за да се врати на економското ниво пред разорните акции на Асад. Затоа ОН повикаа на огромни инвестиции во економската обнова, особено на уништената инфраструктура и последиците од санкциите воведени од 2011 година. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите