| Macedonian
Дневни блиц вести 08.09.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 08.09.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 8 септември
8 септември 2025

Трамп тврди дека Израел го прифатил договорот за прекин на огнот и го повикува Хамас да го стори истото, додека групата возвраќа со подготвеност за нови преговори. Во Франција денес парламентот ќе одлучува за довербата на владата на Бајру, а Алкараз триумфираше на УС Опен со победа над Синер.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 8 септември

Трамп: Израел го прифати договорот за прекин на огнот, го предупредив и Хамас да го прифати

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел ги прифатил неговите услови за прекин на огнот, а воедно упати предупредување до палестинската група Хамас да го стори истото. „Сите сакаат заложниците да се вратат дома. Сите сакаат оваа војна да заврши!“, напиша Трамп на платформата Вистина (Truth Social), која е негова сопственост.

Хамас го поздравува најновиот предлог на САД за прекин на огнот

Палестинската група Хамас во неделата соопшти дека добила нов предлог oд САД за прекин на огнот преку медијатори и изрази подготвеност за продолжување на преговорите. „Добивме некои идеи од американската страна преку медијатори за постигнување договор за прекин на огнот“, се вели во соопштението на групата на Телеграм.

Во францускиот парламент денес се гласа за доверба на владата на Франсоа Бајру

Францускиот парламент денеска ќе гласа за доверба на владата на премиерот Франсоа Бајру, а покрај неговите напори во текот на викендот да обезбеди мнозинство кое би ја поддржало неговата влада, опозициските лидери од целиот политички спектар јасно ставија до знаење дека ќе гласаат за негова смена. „Владата ќе падне“, рече Жан-Лук Меланшон, лидер на крајно левичарската партија Непокорена Франција (ЛФИ), кој ги повтори сличните коментари од другите партии од левицата и десницата.

Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија

Министерството за надворешни работи на Туркије објави честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија. На официјалниот профил на Министерството на социјалната мрежа на американската компанија X, беше објавена порака со честитка по повод 34-годишнината од независноста на земјата. „Искрено го честитаме Денот на независноста на нашиот сојузник и пријател Северна Македонија!“, се вели во објавата.

И за крај на денешниот блиц...

Алкараз победник на УС Опен по убедливата победа против Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Отвореното првенство на САД во Њујорк, во нова пресметка против својот голем ривал, италијанскиот тенисер Јаник Синер, по победата од 3:1(6-2, 3-6, 6-1, 6-4). 22-годишниот Алкараз не само што славеше освојување на нов Гренд слем турнир, туку со оваа победа го презеде и првото место на АТП ранг-листата од две години постариот Синер.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот