| Macedonian
ОН велат дека Газа е најопасното место за испорака на помош, а Луиџи Манџионе се изјасни дека не е виновен за убиството на извршниот директор на Јунајтед Хелткер
00:00
00:0000:00
Свет
ОН велат дека Газа е најопасното место за испорака на помош, а Луиџи Манџионе се изјасни дека не е виновен за убиството на извршниот директор на Јунајтед Хелткер
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски. Денеска сме вторник, 24 Декември
24 декември 2024

ОН: Газа е најопасното место за испорака на помош

ОН ја прогласија Газа за најопасна зона во светот за испорака на помош, бидејќи Том Флечер предупредува на спирална криза.

„Во рекордно смртоносна година за хуманитарците, Газа е на врвот на листата на опасни зони”, рече заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања.

Во израелскиот геноцид во Газа, кој трае веќе 445 дена, убиени се најмалку 45 317 Палестинци, а повредени 107 700

Израел за прв пат призна дека го убил лидерот на Хамас Измаил Ханије

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека поранешниот лидер на Хамас Исмаил Ханије бил убиен во Техеран во јули.

Кац вети дека со сличен интензитет ќе биде нападнато раководството на Хутите во Јемен, наведувајќи ги претходните напади на Израел врз клучните личности во Газа и Либан.

Изјавата на Кац е првото јавно признание на Израел за убиството на Ханије.

Манџионе се изјасни дека не е виновен за убиството на извршниот директор на United Helthcare

Луиџи Манџионе, обвинет за убиство на извршен директор на UnitedHealthcare, се изјасни за невин по државните обвиненија, вклучувајќи го и она за терористичко“ убиство.

Манџионе во судницата која беше преполна влезе со лисици и окови. Неговиот адвокат изјави дека вниманието кое медиумите и јавноста можат да бидат пречка за фер судење.

Демонстрантите пред судот изразија поддршка за Мангионе и гнев кон здравствениот систем.

Гренланд ја отфрли понудата на Трамп

„Не сме на продажба“, изјави премиерот на Гренланд Муте Егеде како одговор на обновениот интерес на новоизбраниот американски претседател Трамп за арктичкиот остров.

Опозицијата во Данска повикува на јасен отпор, додека стратешката вредност и богатите ресурси на Гренланд остануваат глобален фокус.

На Манџионе му се заканува доживотен затвор.

И за крај на денешниот блиц

 Нисан и Хонда најавија преговори за спојување

Јапонските автомобилски гиганти Хонда и Нисан објавија план за спојување, со цел да создададат трет по големина производител на автомобили во светот.

Одлуката доаѓа во време кога во автомобилската индустрија се слулуваат големи промени во насока на користење на електрични возила.

Компаниите би формирале заеднички холдинг, но сепак, успехот на ова спојување зависи од способноста на двете компании да се справат со предизвиците на пазарот и ефективно да ги интегрираат своите операции.

 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете на macedonian.trtbalkan.com

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 02.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите