| Macedonian
Дневни блиц вести 03.11.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 03.11.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 3 ноември
3 ноември 2025

Даночниот товар во ЕУ лани достигна 40,4% од БДП, новата јапонска премиерка Такаичи побара директна средба со Ким Џонг Ун. Во Скопје победи Орце Ѓорѓиевски, а ВМРО-ДПМНЕ освои уште 21 општина, додека земјотрес во Авганистан одзеде најмалку 19 животи.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 3 ноември

Над 40 отсто од приходите во ЕУ одат на даноци и придонеси

Уделот на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашниот производ (БДП) во ЕУ лани изнесуваше 40,4 отсто, што претставува зголемување во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, соопшти Европската статистичка служба – Евростат. Во исто време, тој удел во Еврозоната бил 40,9 проценти, што исто така претставува зголемување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто.

Новата јапонска премиерка побара самит со северокорејскиот лидер Ким

Новоизбраната јапонска премиерка Санае Такаичи изјави дека Токио бара самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. „Надежта“ за самитот „веќе беше пренесена“ во Пјонгјанг за решавање на прашањето за киднапирањето на јапонските државјани од страна на Северна Кореја пред неколку децении, објави „Кјодо њуз“. Такаичи, која беше избрана на 21 октомври, рече дека сака да се сретне со Ким „директно“ и „да постигне конкретни резултати“.

Трамп: Деновите на венецуелскиот претседател се одбројани

За време на интервјуто за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес њуз, кое се емитуваше во неделата, Трамп беше прашан од водителката Нора О’Донел дали деновите на Мадуро како претседател се изброени.„Би рекол да. Мислам дека е така“, одговори тој, отфрлајќи ја можноста за војна против Венецуела. Сепак, Трамп одби да каже дали прашањето за потенцијални копнени напади во Венецуела е точно или не.

Ѓорѓиевски победи во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ уште во 21 општина во вториот круг

Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје откако во вториот круг ја завери победата против кандидатот Амар Мециновиќ од Левица. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во вториот круг ги завери мандатите во уште 21 општина, меѓу кои и скопските општини Аеродром и Карпош. Во вториот круг излезноста на локалните избори изнесува 40,46 отсто од запишаните гласачи. Највисока била излезноста во Росоман над 70 отсто, а најниска во општина Сарај само 11,45 отсто. Во првиот круг на 19 октомври имаше излезност од 46,48 отсто, со што ова се локални избори со најниска излезност во последните две децении.

И за крај на денешниот блиц...

Земјотрес во Авганистан одзеде најмалку 19 животи, стотици повредени

Најмалку 19 лица загинаа, а стотици беа повредени откако земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северен Авганистан. Земјотресот се случи околу 1 часот по локално време во понеделник, соопштија официјални лица. Повеќето жртви се пријавени во северните покраини Саманган и Балх, според Авганистанското друштво на Црвената полумесечина. Додадено е дека земјотресот предизвикал големи жртви и огромни финансиски загуби.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите