| Macedonian
Блиц вести 12.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 12.11.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 12 ноември.

Турски воен товареен авион се урна на граниацата меѓу Грузија и Азербејџан при што загинаа 20 војници, светот изразува сочувство до Туркије по несреќата, шест земји членки на ЕУ може да побараат исклучок од договорот за миграција. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 12 ноември.

Турски воен товарен авион се урна на границата меѓу Грузија и Азербејџан, загинаа 20 војници

Турски воен товарен авион Ц-130 се урна на границата меѓу Грузија и Азербејџан при што загинаа 20 војници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази длабоко жалење за несреќата.

Министерот за одбрана Јашар Ѓулер исто така изрази сочувство во порака објавена на социјалните мрежи.

Во тек се операциите за пребарување и спасување.

Светот изразува солидарност со Туркије по падот на воениот авион

Сочувство од целиот свет пристигнува откако турски воен товарен авион со 20 лица се урна во Грузија во вторник. Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Туфан Ерхурман, изрази жалење поради инцидентот

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, претседателот на Казахстан, Касим-Џомарт Токаев, јорданското Министерство за надворешни работи испратија порака со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, до владата и народот на Туркије

Специјалниот претставник на САД за Сирија и амбасадор во Туркије, Том Барак, изјави дека е „длабоко ожалостен од трагичната несреќа на авионот на турските вооружени сили“, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите војници и народот на Туркије

Во објава на X, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, исто така, изрази „најдлабоко сочувство до нашиот сојузник Туркије

ЕУ: Шест земји-членки може да побараат исклучок од договорот за миграција

Шест земји – Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска – можат да бараат целосно или делумно ослободување од Пактот на ЕУ за миграција и азил, кој треба да стапи на сила во средината на 2026 година, соопшти Европската комисија.

Тие според Европската комисија се соочуваат со значителна миграциска ситуација поради кумулативните притисоци од последните пет години. Ќе имаат можност да побараат од Советот да одобри целосно или делумно одбиток од нивните придонеси во Фондот за солидарност за претстојната година.

Вучиќ: Мора да продолжиме да вложуваме во армијата, работите отидоа предалеку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „се плаши дека работите отишле предалеку по темата за војната меѓу Европа и Русија“, особено кога тоа го кажа францускиот генерал Фабиен Мандон, и оцени дека Србија се вооружила мудро и ќе продолжи да ја зајакнува својата армија и да се обидува да изгради заштитна купола.

„ Србија мора да продолжи да ја опремува војската и да ја зајакнува” изјави Вучиќ.

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека Светското првенство во 2026 година ќе биде негово последно, а ќе продолжи да игра фудбал на професионално ниво уште година или две.

Роналдо, кој постигна над 950 голови на клупско и репрезентативно ниво, дебитираше како тинејџер во лисабонски Спортинг во 2002 година и во интервјуто најави дека наскоро ќе се пензионира за да поминува повеќе време со своето семејство.

Тоа беше се за денепните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите