САД и Кина склучија трговски договор објави американскиот претседател Трамп, хуманитарна помош влезе во Кан Јунис, стотици Израелци на протест бараа крај на војанта во Газа, Австралија се спротивставува на америнаките барања за поголеми трошоци за одбраната. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за Петок 27 Јуни.
Трамп објави дека потпишале трговски договор со Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишале трговски договор со Кина и дека ќе може да склучат „голем“ договор и со Индија.
“Со договорот со Кина, почнуваме да ја отвораме Кина. Се случуваат работи што никогаш порано не биле можни. Нашите односи со секоја земја се во многу добра состојба.“, рече Трамп.
Информирајќи дека министерот за финансии Скот Бесент, министерот за трговија Хауард Лутник и Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата, работеле прекувремено за да склучат трговски договор со земјите, Трамп посочи дека „сите сакаат да склучат договор“.
Нема да склучиме договор со сите. Само ќе им пратиме писмо на некои од нив и ќе кажеме: 'Ви благодарам многу, ќе платите царина од 25, 35, 45 проценти'.“, рече Трамп.
Хуманитарна помош влезе во Кан Јунис
Камиони со хуманитарна помош синоќа влегоа во Кан Јунис откако поминаа низ коридорот Нецарим, по што помошта беше дистрибуирана до жителите на Газа.
По испораката, камионите почнаа да се враќаат на граничниот премин Керем Шалом за да претоварат дополнителни количини хуманитарна помош.
Газа се соочува со растечка хуманитарна катастрофа откако Израел ги затвори граничните премини на 2 март, блокирајќи го влезот на храна, лекови, хуманитарна помош и гориво.
Стотици Изрелци протестираа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа
Стотици Израелци се собраа вчера на плоштадот Рабин во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците што ги држи Хамас.
Израелската Армија започна брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, во којашто загинаа над 56.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Израел тврди дека нападите имаат за цел да вратат околу 50 заложници што ги држи Хамас во Газа и да биде расформирана палестинската група на отпорот.
Уставен суд на Косово: Парламентот треба да се конституира за 30 дена
Уставниот суд на Косово вчера пресуди дека конститутивната седница на деветтото свикување на Собранието на Косово, која започна на 15 април, мора да заврши најдоцна 30 дена од денот на стапување во сила на одлуката.
Констутивната седница, според одлуката на Судот, мора да заврши со избор на претседател и потпретседател на Собранието на Косово.
Изборите во Косово се одржаа на 9 февруари, најмногу пратенички места во Собранието освои Партијата Самоопределување, предводена од косовскиот премиер Албин Курти, но не доволно за формирање независна влада. Нивниот предлог да се избере Албулена Хаџиу за претседател на Собранието на конститутивната седница беше одбиен во неколку наврати.
Албанезе против барањата на американската администрација за поголеми трошоци за одбрана
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска ја бранеше стратегијата на неговата земја за трошоци за одбрана, спротивставувајќи се на притисокот од администрацијата на Трамп да го зголеми на 3,5% од БДП, според извештаите на локалните медиуми.
Албанезе рече дека неговата земја ќе се држи до својот сегашен план за зголемување на трошоците за одбрана од 2% на 2,3% од БДП до 2034 година
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
