| Macedonian
Израелската инвазија прераснува во етничко чистење, а Сирија назначи жена за гувернерка
00:00
00:0000:00
Свет
Израелската инвазија прераснува во етничко чистење, а Сирија назначи жена за гувернерка
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 31 декември

Според израелски Харец, инвазијата во Газа прераснува во етничко чистење со нападите врз болниците. Весникот со седиште во Тел Авив, во делот за уреднички коментар, ја критикуваше тактиката на израелската армија како обид да се исели населението во областа, прекршувајќи ги Женевските воени конвенции за заштита на болниците. 

Франческа Албанезе, специјалната претставничка на Обединетите нации за Палестина, ги повика глобалните медицински професионалци да ги прекинат врските со Израел, осудувајќи го уништувањето на здравствениот систем во Газа. Албанезе исто така, повика да биде ослободен притворениот лекар Хусам Абу Сафија и директор на болницата Камал Адван, поддржувајќи ја кампањата која се води на социјални мрежи.

Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на суспендираниот претседател Јун Сук-Јол поради обидот да воведе воена состојба и да ја преземе контролата над институциите. Судот го одобри налогот на посебниот истражен орган и ова е првпат во историјата на земјата да биде побарано апсење на претседателот. 

Русија и Украина разменија 300 воени заробеници, со посредништво на Обединетите Арапски Емирати. Според руското министерство за одбрана 150 нивни војници се вратени и им се пружа соодветна нега во Белорусија. Иако 150 украински војници беа дел од размената, засега Украина не открива детали за договорот.

И за крај на денешниот блиц...

Сирија ја назначи Масја Сабин за прва жена гувернер на централната банка по речиси 70 години. Таа доаѓа на функцијата од Мохамед Исам Хазиме по падот на режимот на Башр ал Асад. Меѓу реформите кои ги спроведе се либерализација на економијата со намалување на дозволите за увоз и извоз и строгата контрола на употребата на девизи. Сирија има 26 тони злато, но девизните резерви изнесуваат само 200 милиони долари како последица на американските санкции. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите