| Macedonian
Дневни блиц вести 07.07.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 07.07.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 7 јули

Трамп и Нетанјаху ќе разговараат во Белата куќа, додека Путин порача дека иднината е во брзорастечките пазари. Во меѓувреме, Туркије екстрадираше 15 криминалци, а сателитски податоци откриваат дека иранските ракети погодиле 5 израелски бази.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 7 јули

Трамп денес ќе се сретне со Нетанјаху во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа во понеделник. Нетанјаху во недела одлета за Вашингтон за да разговара за регионални прашања, вклучително и договор за прекин на огнот во Газа. За време на неговата трета посета на САД за шест месеци, се очекува Нетанјаху да се сретне со високи претставници на американската администрација и членови на Конгресот од двете партии.

Путин: Глобализацијата е застарена, иднината им припаѓа на брзорастечките пазари

Рускиот претседател Владимир Путин им рече на лидерите на БРИКС во неделата дека ерата на либералната глобализација е застарена и дека иднината им припаѓа на брзорастечките пазари кои треба да ги користат своите национални валути за трговија. Путин се јави на самитот во Рио де Жанеиро преку видео врска бидејќи се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Украина. Москва вели дека потерницата е неоснована и бесмислена.

Во Туркије екстрадирани 15 осомничени криминалци барани преку Интерпол

Тринаесет осомничени лица барани со црвени потерници на Интерпол и двајца на националната листа на барани лица на Туркије се екстрадирани од пет земји, изјави во понеделник министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.Во објава на X, Јерликаја рече дека 15-те лица биле фатени и вратени од Грузија, Грција, Велика Британија, Северна Македонија и Германија.

Трамп: Земјите усогласени со антиамериканските политики на БРИКС ќе добијат дополнителни 10 % тарифи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, доцна во неделата предупреди дека секоја земја што се придржува на „антиамериканските политики“ на економскиот блок БРИКС ќе се соочи со дополнителна царина од 10%. „Нема да има исклучоци од оваа политика“, напиша тој на својата платформа Вистина (Truth Social). Во друга објава, тој објави дека американските царински писма и/или договори со разни земји низ целиот свет „ќе бидат доставени почнувајќи од 12 часот во понеделник, 7 јули“.

И за крај на денешниот блиц...

Сателитските податоци откриваат дека иранските ракети директно погодиле 5 израелски воени бази

Иранските ракети директно погодиле пет израелски воени објекти за време на 12-дневната војна меѓу двете земји, покажалe сателитските податоци. Податоците објавени од британскиот дневен весник Телеграф и испитани од американски професори од Државниот универзитет во Орегон, САД, открија дека шест ракети истрелани од Техеран погодиле пет бази во северен, јужен и централен Израел.Меѓу таргетираните израелски локации се голема воздухопловна база, центар за собирање разузнавачки информации и логистичка база, покажуваат податоците.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 21.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите