Хамас: Остануваме посветени на прекинот на огнот и договорот за заложниците и затворениците
Бригадите Ал Касам, военото крило на Хамас денес соопштија дека се посветени на прекинот на огнот и договорот со Израел за заложници за затвореници, по извештаите дека милитантната група предала седум израелски заложници на Црвениот крст, објави „Тајмс оф Израел“. Групата не потврди дека ги предала заложниците, но рече дека останува посветена на договорениот распоред, сè додека Израел го исполнува својот дел од договорот.
Локални избори во Косово: Тесна трка во Приштина и Митровица и убедлива победа на Српската листа
Според прелиминарните податоци од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), градоначалничката трка во главните косовски градови донесе тесна борба во Приштина и Митровица, и јасна предност за кандидатите во Призрен и Пеќ. Во општините со српско мнозинство, Српската листа убедливо води.
Туркије продолжува со испорачување хуманитарна помош во Газа
Туркије, одбивајќи да молчи пред злосторствата во Газа, ги продолжува своите активности за достава на хуманитарна помош во регионот под координација на државната Управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), со придонес од релевантни владини тела, организации и невладини организации. „Од октомври 2023 година, Туркије достави вкупно 101.725 тони помош во Газа со 16 бродови и 14 авиони. Помеѓу 27 јули 2025 година и денес, 333 камиони со хуманитарна помош влегоа во регионот“, напиша денес АФАД на турската платформа за социјални медиуми НСосиал (NSosyal).
Мировниот самит за Газа денеска во Шарм ел-Шеик, ќе го предводат Трамп и Ал-Сиси
Американскиот претседател Доналд Трамп и египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси ќе претседаваат со мировниот самит за Газа што ќе се одржи денес во Шарм ел-Шеик, Египет, а на него ќе присуствуваат лидери од повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги и високите претставници од Велика Британија, Италија, Шпанија, Франција и Туркије, како и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
И за крај на денешниот блиц...
Португалија: Владејачките социјалдемократи победија на локалните избори
Владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) во Португалија, предводена од премиерот Луис Монтенегро, постигна значајна победа на локалните избори во неделата, победувајќи во петте најголеми градови во земјата, вклучувајќи ги Лисабон, Порто, Синтра, Вила Нова де Гаја и Кашкаиш. Победата беше постигната со поддршка на конзервативната ЦДС и Либералната иницијатива (ИЛ), со кои ПСД формираше коалиции во повеќето урбани средини.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
