| Macedonian
Израел уби 50 Палестинци во болницата Камал Адван во Газа. Членови на кабинетот на канадскиот премиер на средба со Трамп за тарифите
00:00
00:0000:00
Свет
Израел уби 50 Палестинци во болницата Камал Адван во Газа. Членови на кабинетот на канадскиот премиер на средба со Трамп за тарифите
Ова е дневниот бриф за вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 27 декември.

Израел уби 50 Палестинци во болницата Камал Адван во Газа. Членови на кабинетот на канадскиот премиер на средба со Трамп за тарифите

Ова е дневниот бриф за вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 27 декември.

Израел уби 50 Палестинци во болницата Камал Адван

Израел уби речиси 50 Палестинци во воздушен напад во текот на ноќта врз зграда спроти седиштето на болницата Камал Адван во северна опколена Газа. Тројца од нив се медицински персонал и работници.

Нивните тела беа заглавени под урнатините на зградата во областа Беит Лахиа.

Три палестински бебиња премрзнаа во Газа

Главниот педијатар во болницата во јужна Газа изјави дека три бебиња починале од сериозен пад на температурата оваа недела.

Во најновиот случај, во градот Кан Јунис, тринеделно девојче беше донесено во собата за итни случаи.

Раководителот на педијатриските служби на болницата соопшти и дека едно бебе старо три дена и уште едно бебе на неполн месец починале.

33 лица загинаа,а 15 се повредени во бунтот во затворот во Мозамбик

Во бунт во затворот во главниот град на Мозамбик, Мапуто, загинаа 33 лица, а 15 се повредени, изјави генералниот командант на полицијата Бернардино Рафаел.

Инцидентот доведе до бегство на 1.534 затвореници, иако оттогаш 150 се повторно фатени.

Немирите се случија по одлуката на Уставниот суд во понеделникот со која се потврди Даниел Чапо од владејачкиот Ослободителен фронт на Мозамбик како победник на спорните избори на 9 октомври.

Азербејџански функционери: Авионската несреќа предизвикана од руски ракетен систем

Високи азербејџански функционери потврдија дека авионската несреќа на Азербејџан ерлајнс во близина на казахстанскиот град Актау била предизвикана од руски ракетен систем. Азербејџанските медиуми, повикувајќи се на владини извори, објавија дека прелиминарните резултати од истрагата за инцидентот утврдиле дека авионот бил нападнат од ракетен систем „Панцир“ додека се приближувал до градот Грозни.

Според извештајот, комуникацискиот систем на авионот бил целосно парализиран поради употребата на руски системи за електронско војување, што резултирало со исчезнување на авионот од радарите додека бил во рускиот воздушен простор.

Русија го отфрли ова тврдење.

Членови на кабинетот на канадскиот премиер на разговори со претставници на Трамп

Клучните членови на кабинетот на канадскиот премиер Џастин Трудо министерот за финансии Доминик Лебланк и министерката за надворешни работи Мелани Џоли отпатуваа на Флорида на разговори со претставниците на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, додека Отава работи за да избегне потенцијално разорна трговска војна.

Состаноците закажани за денеска ќе се фокусираат на напорите на Канада за борба против трговијата со фентанил и нерегуларната миграција.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 26.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите