| Macedonian
Дневни блиц вести 16.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 16.02.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 16 февруари
16 февруари 2026

Лидерите на Минхенската конференција упатија пораки за соработка но, и заложби за своите интереси

Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 16 февруари 

Мицкоски: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Минхен порача дека на земјата и регионот им се потребни предвидливи чекори за европската иднина наместо процес без крај и исполнување на ветувањата за проширување на Европската Унија. 

Рубио: Зајакнување на трансатлантскиот сојуз заснован на суверенитет

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на обновен трансатлантски сојуз заснован на суверенитет, економска отпорност и заеднички западен идентитет и го истакна пристапот на Вашингтон кон глобалните конфликти и конкуренцијата со главните ривали.

Шефот на турското разузнавање учествуваше на Минхенската конференција

Ибрахим Калин, шеф на Турската национална разузнавачка организација, присуствуваше на Минхенската безбедносна конференција, каде што разговараше со своите странски колеги за низа регионални прашања вклучувајќи ја Газа, Иран, Сирија и разузнавачката дипломатија.

Зеленски: Единството во Еевроатлантската заедница е најдобра одбрана од Русија

Зеленски го нарече „единството“ во Европа и НАТО „најдобриот одговор“ против Русија. Според украинскиот претседател нема ниту една европска земја која може сама со свои средства и технологија да биде дел од конфликт во поголеми размери и затоа Русија се обидува да го разедини ова единство.

И за крај на денешниот блиц…

Иран ги повика САД да преговараат независно од израелското влијание

Иран ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да ги проценат своите интереси независно од израелското влијание во преговорите за нуклеарната програма на Техеран и дека Иран останува отворен за соработка.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот