| Macedonian
Трамп им се заканува на Палестинците, САД не споделуваат разузнавачки информации со Украина
00:00
00:0000:00
Политика
Трамп им се заканува на Палестинците, САД не споделуваат разузнавачки информации со Украина
Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за 6 март
6 март 2025

Американскиот претседател Трамп им се заканува на Палестинците поради заложничката криза, новата влада на Сирија вети дека ќе го отстрани хемиското оружје на Асад, САД го прекинаа споделувањето разузнавачки информации со Украина

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 6 март

Американскиот претседател Доналд Трамп им постави ултиматум на Палестинците.
Тој предупреди дека Палестинците во Газа ќе се соочат со смртоносни последици доколку заложниците не бидат ослободени.
„Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна, и веднаш вратете ги сите мртви тела на луѓето што ги убивте“, напиша тој на својата платформа „Truth Social“.
Ветувајќи непоколеблива поддршка за Израел, Трамп рече дека ќе испрати, како што вели, сè што му е потребно за да ја заврши работата.

Шефот на владината информативна канцеларија на Газа, Салама Марофа, возврати на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Палестинците да ги ослободат израелските заложници.
Тој изјави дека израелската окупација е суштинско прашање, а не Хамас.
Во изјавата, Маруф го обвини Трамп дека го охрабрил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, овозможувајќи дополнителни злосторства против 2,4 милиони луѓе.

САД го прекинаа споделувањето разузнавачки информации со Украина, потврди директорот на ЦИА Џон Ретклиф.
Цврстиот став на администрацијата на Трамп има за цел да ја турка Украина кон договор за минерали со САД и мировни преговори со Русија.
Претседателот Трамп претходно откри дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое изразува подготвеност да преговара.

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиско обраќање до нацијата рече дека следната недела во Париз ќе се одржи состанок на началниците на генералштабовите на европските земји кои се подготвени да го гарантираат идниот мир во Украина.

„Без разлика дали мирот во Украина ќе се постигне брзо или не, европските држави мора да бидат способни подобро да се бранат или да одвратат каква било нова акција. Во овој поглед, остануваме посветени на НАТО, но мора да ја зајакнеме нашата независност. Иднината на Европа не смее да се решава во Вашингтон и Москва“, рече Макрон.

Според него, на претстојниот состанок ќе бидат донесени повеќе одлуки, меѓу кои и заедничко финансирање на набавката на тенкови, авиони и друго оружје на европско тло како дел од зајакнувањето на одбраната без зголемување на дефицитот.

И за крај на денешниот блиц...

Сирискиот министер за надворешни работи вети дека брзо ќе го елиминира преостанатото хемиско оружје во земјата и го повика светот на поддршка.
Одлуката на новата влада доаѓа по години контроверзи и покрај ветувањето на Сирија во 2013 година дека ќе ги уништи нејзините резерви.
Повеќе од една деценија набљудувачите за хемиско оружје се соочуваат со блокади при откривањето на целосниот обем на сирискиот арсенал.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот