| Macedonian
Дневни блиц вести 04.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 04.02.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 4 февруари
4 февруари 2026

Европската комисија ќе претстави привремено решение за превозниците од Западен Балкан, а во Абу Даби продолжуваат преговорите за војната во Украина

Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 4 февруари 

ЕК со привремено решение за превозниците од Западен Балкан

Претставници на сите директорати на Европската комисија и министри на земјите од Западен Балкан потврдија дека решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи е итно и ќе се бара во рамки на постоечките норми по протестите и блокадите на граничните премини. 

Муцунски: Диверзификацијата е клуч за економската отпорност

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски од Светскиот самит за влади во Добаи порача дека во свет во кој непредвидливоста станува новата реалност, диверзификацијата претставува клучна алатка за обезбедување економска отпорност.

Ердоган: Туркије и Саудиска Арабија ќе соработуваат за обнова на Сирија

Туркије ќе продолжи да ја поддржува стабилноста на Сирија и ќе соработува со Саудиска Арабија за нејзина обнова, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Ријад.

Руте: Ќе распоредиме сили во Украина по мировниот договор

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека непосредно воено присуство од сојузничките сили во Украина може да се очекува штом ќе се постигне мировен договор со Русија, што ќе биде дел од безбедносните гаранции.

И за крај на денешниот блиц…

Продолжуваат преговорите во Абу Даби за крај на војната во Украина

Преговарачите од Украина, Русија и САД ќе се сретнат во Абу Даби за да ги продолжат напнатите разговори за тоа како да се стави крај на речиси четиригодишната војна. Главните пречки се територијалните прашања и поставувањето трупи на линијата на фронтот.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Блиц вести за 10.02.2026
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал