Внесување на Бугарите во Уставот за побрзо присоединување на Северна Мaкедонија кон ЕУ, бара бугарскиот претседател Радев. Орбан најавува тужба за ЕУ ако не се испочитува унгарското вето за санкциите за руските нафта и гас. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 5 Декември.
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав значително ќе го забрза присоединувањето на Северна Македонија кон Европската унија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставници на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани, информира прес службата на Радев.
Претставниците на бугарските организации се против уставни измени со одложено дејство.
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата ќе ја тужи Европската комисија ако го игнорира ветото на Унгарија за планираните санкции за купување руски гас и нафта.
„Унгарија мора да сигнализира дека Европската унија го напуштила владеењето на правото и ја злоупотребува својата моќ”, смета Орбан.
Денеска жрепка за групите на Светското фудалско првенство во САД, Канада и Мексико
Жрепката за Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи вечерва во 18 часот по средноевропско време во Вашингтон.
Првпат на завршниот турнир, кој ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Мексико и Канада, ќе учествуваат 48 репрезентации.
Водител на специјалната програма ќе биде познатата манекенка Хајди Клум, најавени се и Рио Фердинанд, Шeкил О'Нил, Том Брејди и Вејн Грецки, а се очекува и присуството на американскиот претседател Доналд Трамп. Репрезентациите се поделени во четири шешири.
Путин во дводневна посета на Индија
Рускиот претседател Владимир Путин допатува во дводневна државна посета на Индија каде ќе се сретне со индискиот претседател Друпади Мурму.
Состојбата во Украина како и соработката во одбраната, енергетиката и нуклеарната програма, механизмите за плаќање, БРИКС и Шангајската организација за соработка се очекува да бидат темите за кои тие ќе разговараат.
Посетата на Путин, прва од почетокот на војната меѓу Москва и Киев во февруари 2022 година, доаѓа во време кога Њу Делхи се соочува со зголемен притисок од САД да престане со купувањето руска нафта.
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера изјави дека неговата земја ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани по воздушен пат од САД според договорот постигнат во јануари.
Венецуелскиот лидер објави дека авион со 266 венецуелски мигранти од САД слетал на меѓународниот аеродром „Маикетија Симон Боливар“.
Бројот на мигранти вратени во Венецуела во последните два дена достигна 525.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

