| Macedonian
Блиц вести 27.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 27.02.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 27 февруари
27 февруари 2025

Филип Лазарини од Обединетите нации предупреди дека Западниот Брег под израелска окупација се претвора во воено поле, каде се прелева конфликтот од Газа. Досега има педесет загинати, меѓу кои и деца, а десетина илјади Палестинци се веќе раселени. 

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе пристигне во Вашингтон во посета на Белата куќа, каде со претседателот Трамп ќе го потпишат договорот за експлоатација на ретки минерали. Администрацијата на Трамп смета дека потегот е финансиска победа. 

Руската делегација пристигна во Генералниот конзулат на САД во Истанбул на средба на која ќе се разговара за активностите на амбасадата во рамките на нормализацијата на односите меѓу Русија и САД. Туркије од своја страна повтори дека е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка на мировните напори.

Палестинските затвореници што ги ослободи Израел беа топло пречекани од нивните семејства и граѓаните во окупираниот град Рамала на Западниот Брег. Автобусот од израелскиот воен затвор „Офер“ пристигна во Палатата на културата во Рамала, придружуван од тимови на Меѓународниот црвен крст.

И за крај на денешниот блиц...

Судот во Босна и Херцеговина го осуди Милорад Додик, лидерот на ентитетот Република Српска, на една година затвор  и шестгодишна забрана за вршење функција поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Тој побара разговор во Сараево, а на смиреност повика и српскиот претседател Вучиќ.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот