Најмалку четири луѓе убиени во напад врз црква во САД, а Трамп најави „нешто величенствено“ на Блискиот Исток
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме понеделник 29 септември
Вооружен напад во црква во Мичиген, САД
Најмалку четири лица се убиени, а осум се повредени во вооружениот напад што се случил за време на неделната служба во црква во американската сојузна држава Мичиген. Потоа во потера полицијата го застрелала напаѓачот, поранешен маринец чии мотиви се утврдуваат.
ЕУ повторно воведува санкции врз Иран „без одложување“
Европската Унија објави дека „веднаш“ повторно воведува санкции на Обединетите нации против Иран, неколку дена откако Советот за безбедност не успеа да усвои предлог за нивно одложување. Според високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас ова не треба да го заврши дипломатскиот процес со Иран за нуклеарните преговори.
Уште 10 цивили убиени во израелски воен оган во Појасот Газа
Израелската армија уби уште 10 цивили и повреди многу други во Газа рано утрово. Државната новинска агенција Вафа соопшти дека екипите на цивилната заштита повеќето тела ги пронашле на улицата Ал-Наср во градот Газа во околината на медицинскиот комплекс Ал-Шифа.
Четири загинати и над 70 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Украина соопшти дека најмалку четворица загинаа, а над 70 лица се повредени во голем руски воздушен напад, кој главно бил насочен кон главниот град Киев. Нападот траел повеќе од 12 часа, а оштетени биле 100 цивилни објекти. Украинската противвоздушна одбрана соборила над 500 дронови и над 40 ракети лансирани од Русија.
И за крај на денешниот блиц...
Трамп: Постои шанса за нешто величенствено на Блискиот Исток
Американскиот претседател Трамп порача дека постои вистинска шанса за нешто величенствено на Блискиот Исток. Овие коментари ги даде откако го претставил планот за примирје во Газа пред лидерите на повеќе мнозинско муслимански држави во Њујорк, а му претстои средба со израелскиот премиер Нетанјаху.
Тоа беше се за денешните блиц вести. Повеќе информации дознајте на социјалните мрежи на ТРТ Балкан
