| Macedonian
Дневни блиц вести 23.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 23.04.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме среда 23 април
23 април 2025

Осуди за терористичкиот напад во Кашмир, а Кина ќе лансира ново вселенско летало со човечки екипаж.

Антонио Гутереш остро го осуди нападот во Кашмир 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го осуди нападот во Кашмир под индиска управа во кој загинаа над 20 луѓе. Гутереш истакна дека нападите врз цивили се неприфатливи под никакви околности.

Рубио и Ал Тани разговараа за регионалната безбедност

Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со катарскиот премиер Мохамед Ал Тани во Вашингтон, на разговори околу билатералните односи и регионалната безбедност и стабилност. Двете страни ја истакнале важноста за постигнување траен прекин на огнот во Газа.

Иран ги одложи техничките разговори со САД за 26 април

Иран објави дека техничките разговори на експертско ниво со САД се одложени за 26 април. Одлуката беше заснована на предлог на Оман и со заеднички договор на иранската и американската делегација, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Есмаил Бакаи.

Израелската армија ја нападна детската болница во градот Газа

Израелската армија изврши напад врз детската болница Ал Дура во населбата Туфах во градот Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа. Палестинските власти тврдат дека израелската војска намерно врши напади врз здравствените центри и инфраструктурата во Газа.

И за крај на денешниот блиц

Кина ќе лансира ново вселенско летало со тричлен екипаж

Кина во четврток треба да го лансира вселенскиот брод со екипаж Шенжу-20, соопшти Кинеската вселенска агенција. Кинеските астронаути Чен Донг, Чен Жонгруи и Ванг Жи ќе бидат дел од мисијата Шенжу-20 на кинеската вселенска станица каде ќе поминат шестмесечна ротација.

Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите