| Macedonian
Дневни блиц вести 29.01.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 29.01.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 29 јануари
29 јануари 2026

ССМ се закани со генерален штрајк, а продолжува регионалната блокада на превозниците

Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 29 јануари

ССМ протестираше за повисоки плати и се закани со генерален штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија излезе на протест за повисока минимална плата од 600 евра и еднократно зголемување на сите работнички плати за 100 евра. Синдикалците се заканија дека ќе пристапат кон генерален штрајк во приватниот сектор и дека властите и работодавачите не учествуваат во социјалниот дијалог. 

Рубио: Почнуваат разговорите со Данска за статусот на Гренланд 

Државниот секретар на САД Марко Рубио откри дека почнуваат преговорите со Данска за решавање на статусот на Гренланд кој според амбициите на претседателот Трамп треба да стане американска територија, но без прекумерно медиумско внимание и претворање на прашањето во спектакл. 

Петро: Народот на Латинска Америка да се обедини по нападот врз Каракас

Колумбискиот претседател Густаво Петро ги повика народите од Латинска Америка да се обединат откако САД изврши воена интеренција врз Венецуела и го зароби претседателот Николас Мадуро. САД ги предупреди властите во Богота и Хавана дека се на ред за промена на режимот.

Иран: Трамп може да почне војна, но не и да го контролира нејзиниот крај

Претседателот Доналд Трамп „можеби може да поттикне војна, но тој не може да контролира како таа ќе заврши“, рече претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф, нагласувајќи дека Техеран останува отворен за реални преговори, а наметнати со сила.

И за крај на денешниот блиц…

Продолжува блокадата на превозниците против новите Шенген правила

Превозниците од регионот продолжуваат да ги блокираат граничните премини предвидени за товарни возила во знак на протест поради новите Шенген правила за влез и излез. Македонската Влада посочи дека контактира со Брисел за наоаѓање решение кое ќе биде во корист и на регионот но, и на европските економии. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот