Грција ризикува да ги изгуби фондовите на ЕУ, а во Истанбул заврши втората рунда преговори Русија-САД.
Грција може да изгуби ЕУ-фондови поради нелегално враќање мигранти
Грција ризикува да ги изгуби фондовите на Европската Унија поради нелегалното и принудно враќање на мигрантите. Оваа мерка може да се примени како резултат на истрагата на Фронтекс пограничната агенција на ЕУ за 12 отворени случаи на потенцијално кршење на човековите права на мигрантите на грчките граници.
Нетанјаху разговарал со Хамас за предлогот за размена на затвореници
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал за новиот предлог на Египет за размена на затвореници со палестинската група Хамас. Предлогот вклучува ослободување на осум живи израелски заложници во замена за 50-дневен прекин на огнот, како и преминување на разговори за втората фаза од договорот по ослободувањето на заложниците.
Можно е Трамп да ја посети Туркије при блискоисточната турнеја
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ја додаде Туркије во неговата претстојна турнеја на Блискиот исток следниот месец. Потенцијалната посета би следела по Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.
Американските тарифи за кинески увоз сега изнесуваат 145 отсто
Американските царини за кинески увоз сега изнесуваат 145 отсто, откако претседателот Доналд Трамп драматично ги зголеми увозните давачки. Трамп рече дека кинескиот увоз сега ќе подлежи на реципрочна царина од 125 отсто, и дополнителни 20 отсто поврзани со нелегалната трговија со фентанил кои претходно беа воведени.
И за крај на денешниот блиц...
Шест часа преговори Русија – САД во Истанбул
Преговорите меѓу Русија и САД во Истанбул траеја речиси шест часа. Американската делегација прва ја напушти резиденцијата на рускиот генерален конзул без да даде никакви изјави. Според Стејт Департментот двете делегации го продолжиле конструктивниот пристап. Руската делегација ја предводеше амбасадорот во Вашингтон Александар Дарчиев, кој најави дека веќе е постигнат одреден напредок по повеќе прашања.
Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете на macedonian.trtbalkan.com
