Американскиот претседател Доналд Трамп изрази скептицизам во врска со спроведувањето на сите фази од договорот за прекин на огнот во Газа. Додека ги потпишуваше првите извршни наредби во Овалната соба изјави дека Газа треба да се обнови и да се искористи нејзиниот потенцијал.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша голем број извршни наредби по инаугуративната парада во арената Капитал Уан во Вашингтон. Трамп започна со укинување на 78 наредби од времето на Бајден. Тој потпиша и други наредби кои вклучуваат стопирање на новите регулативи, замрзнување на вработувањата во администрацијата и повлекување од Парискиот климатски договор.
Израел ќе ја засили офанзивата во Западниот Брег и се подготвува за големи напади, откако неодамна постигна договор за примирје во Газа. Херзи Халеви началникот на израелскиот генералштаб посочи дека армијата ќе биде подготвена за значајни операции во наредните денови, но локациите не беа откриени.
Туркије и Шведска ќе одржат безбедносен состанок на кој ќе разговараат за соработката во борбата против тероризмот и засилување на одбраната. Присутни ќе бидат министерите за надворешни работи и правда, соопштија дипломатски извори.
И за крај на денешниот блиц...
Американскиот претседател Џо Бајден на крајот на мандатот потпиша помилувања за неговите браќа и сестри и нивните сопружници, како и за членови на неговата администрација меѓу кои докторот Ентони Фаучи кој ја водеше комисијата за заразни болести во екот на пандемијата со ковид-19. Ваквиот потег наиде на жестоки критики од новиот претседател Трамп.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
