Израел и арапските сојузници го повикуваат Трамп да се воздржи од напад врз Иран; Во Газа една Палестинка загина по кршењето на примирјето. Венецуелската опозициска лидерка му го врачи Нобеловиот медал на Трамп.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 16 јануари
Израел и арапските сојузници го повикаа Трамп сега да не го нападне Иран
Израел и неколку арапски партнери го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да се воздржи од каков било воен напад врз Иран, предупредувајќи дека нападот би можел да предизвика поширок регионален конфликт, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи функционери. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонскиот разговор во средата го замолил Трамп да одложи каква било планирана акција кон Иран, кој продолжува да се соочува со големи протести.
Палестинка загина во најновите израелски прекршувања на примирјето
Во ново кршење на прекинот на огнот, израелските сили убија една Палестинка и ранија други рано утрово западно од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија медицински извори. Во истовреме, израелската армија започна воздушни напади и сруши згради источно од градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа, изјавија очевидци. Медицински извор изјавија дека Сабах Ахмед Али Абу Џамех, 62, починала откако израелски оган ја погодил во Кан Јунис, додека неколку други биле ранети.
Венецуелската опозициска лидерка Мачадо му го врачи на Трамп Нобеловиот медал за мир
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо изјави дека таа лично му го „врачила“ на американскиот претседател Доналд Трамп својот Нобелов медал за мир за време на нивната средба во Белата куќа. „Му го кажав следново: пред 200 години, генералот [маркиз де] Лафајет му подари на Симон Боливар медал со ликот на Џорџ Вашингтон. Боливар го задржа тој медал до крајот на својот живот“, им рече Мачадо на новинарите во четврток.
Сијарто: МОЛ пред договор со Гаспромнефт за купување на НИС
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, изјави дека унгарската нафтена компанија МОЛ е во интензивни преговори со државната нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати АДНОК за соработка поврзана со Нафтената индустрија на Србија (НИС), објавија српските медиуми во петок. Зборувајќи за намерата на Србија да го зголеми сопственичкиот удел во НИС, Сијарто рече дека таков потег е математички можен, но дека одлуките за деталите ќе зависат целосно од МОЛ.
И за крај на денешниот блиц…
Муцунски: Замрзнувањето на имиграциските визи од САД не влијае врз другите постапки
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, во однос на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за суспендирање на имигрантските визи за државјани на 75 земји, меѓу кои и македонските, изјави дека тоа не влијае врз другите постапки за издавање американски визи. „Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапките за иселенички визи. Ова не влијае врз сите други постапки за издавање визи за САД“, изјави тој, додавајќи дека сите други категории ќе можат да аплицираат за виза.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
