Стапи на сила привременото еднострано примирје од Русија, а растат воените тензии меѓу Индија и Пакистан
Привременото примирје еднострано прогласено од Русија стапи на сила
Едностраното примирје на Русија официјално стапи на сила и ќе остане на сила до полноќ на 11 мај. Москва објави привремен прекин на непријателствата за време на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на победата, национален празник по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна во 1945 година.
Макрон: ЕУ постепено ќе ги укинува санкциите кон Сирија
Европската Унија ќе се стреми кон постепено укинување на санкциите за Сирија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција со сирискиот колега Ахмед ал-Шара, кој престојува во Париз во прва посета на европска земја откако ја презеде функцијата.
Си: Посетата на Москва ќе даде силен поттик на соработката со Русија
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека е убеден оти неговата посета на Русија ќе послужи за понатамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји и ќе придонесе за зачувување на глобалната стратешка стабилност. Тој ќе присуствува на парадата на Црвениот плоштад.
Светската централна кујна ја прекина хуманитарната работа во Газа
Хуманитарната организација „Светска централна кујна“ нема да биде активна во Газа бидејќи ѝ снемало залихи. Од 2 март, Израел ги држи премините во Газа затворени за влез на храна, медицинска и хуманитарна помош, со што ја продлабочува веќе постоечката хуманитарна криза во енклавата.
И за крај на денешниот блиц...
Трамп: Се надевам дека Индија и Пакистан можат веднаш да запрат со борбите
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека Индија и Пакистан можат веднаш да ги запрат прекуграничните борби. Тој се понуди да им помогне и на двете земји да спречат ескалација на судирите.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
