| Macedonian
Блиц вести за 21.01.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 21.01.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 21 јануари.
21 јануари 2026

Врнежи од снег во поголем дел од државата, Ердоган и Трамп телефонски разговараа за Сирија и Газа, Франција бара вежби на НАТО околу Гренланд. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 21 јануари.

Врнежи од снег во поголем дел од државата

Низ поголем дел од државата денеска има врнежи од снег. На повеќе места е формирана снежна покривка. Пообилна е во планинските предели. Се очекува врнежите од снегот со различен интензитет да продолжат во текот на денот и постепено да престануваат во текот на вечерта.

Врнежи од снег има и во главниот град. Се очекува до крајот на денот во Скопје да наврнат пет до десет сантиметри снег.

Сообраќајот се одвива по лизгави коловози во  зимски услови, особено на повисоките места и превоите.

Телефонски разговор Ердоган – Трамп за Сирија и Газа

Претседателите на Туркије и САД Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп телефонски разговараа за случувањата во Сирија и Газа, откако сириската влада објави прекин на огнот по неколкудневните судири, објави Канцеларијата на турскиот претседател.

Туркије нема донесено одлука за тоа дали Ердоган треба да се приклучи на иницијативата на Трамп за Комитетот за мир.

Нетанјаху ја прифати поканата на Трамп да се приклучи на „Одборot за мир“ за Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на предложениот „Одбор за мир“ фокусиран на Газа, објави неговиот Кабинет денес.

Одборот за мир е опишан како иницијатива предводена од Трамп насочена кон решавање на глобалните конфликти, почнувајќи од Газа.

Франција бара вежби на НАТО околу Гренланд

Франција повика на воена вежба на НАТО во Гренланд и изјави дека е „подготвена да придонесе“, соопшти Елисејската палата, додека тензиите растат поради повторените изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз арктичкиот остров.

Франција, Данска, Шведска и Германија го зголемуваат своето воено присуство на Гренланд преку вежби и извидувачки мисии, додека Трамп инсистира дека територијата треба да биде „во рацете на САД“ за да се спротивстави на Русија и Кина.

Екс јужнокорејскиот премиер Хан осуден на 23 години затвор

Јужнокорејски суд во среда го осуди поранешниот премиер Хан Дак-су на 23 години затвор за неговата улога во неуспешниот обид за воведување воена состојба за време на администрацијата на соборениот претседател Јун Сук Јеол.

Судот оцени дека Хан имал уставна должност, како премиер, да ги почитува демократските принципи и владеењето на правото, но не го сторил тоа.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации следете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите