| Macedonian
Блиц вести
00:00
00:0000:00
Свет
Блиц вести
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 28 февруари

Во Каиро продолжуваат преговорите за спроведување на примирјето во Газа во кој учествуваат делегации од Израел, Катар и САД за сите страни да ги исполнат своите обврски. Главен фокус е ставен на хуманитарната помош и намалување на страдањето на цивилите.

Мексико екстрадираше 29 осомничени нарко босови по барање на САД, меѓу кои Рафаел Кинтеро, кој стои зад убиствтото на Енрике Камарена, агент на ДЕА во 1985 година. Трамп врши голем притисок врз Мексико да се справи со трговијата со фентанил или да се соочи со повисоки царини. 

По неколкумесечни истраги, израелската војска призна „колосален неуспех“ во справувањето со нападот на 7 октомври. Според извештајот армијата била целосно неспремна за размерот и координацијата на нападот, преку кој палестинските борци ги пробија воените бази и населби во близина на Газа. Воените аналитичари велат дека Израел ја потценил заканата, и не успеал да се подготви за таков голем и ненадеен напад. 

Претседателот Путин порача до западните елите да не го попречуваат ресетирањето на односите меѓу Русија и САД и дека првичните разговори со администрацијата на Трамп влеваат надеж. Тој нагласи дека ќе ги користи сите разузнавачки служби за да се спротивстави на каква било саботажа. 

И за крај на денешниот блиц...

Абдула Оџалан, затворениот водач на ПКК, упати повик до групата да се распушти. Во писмото од затворот, тој ги повика сите групи поврзани со ПКК да го положат оружјето, велејќи дека е дојдено време да се стави крај на повеќедецениската терористичка кампања. Ефкан Ала, заменик-претседател на АК партијата, ја прими изјавата, но нагласи дека треба да се почека конкретна акција.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 24.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите